Продолжуваат протестите во Иран

На антивладините протести во покраината Исфахан, во Иран, загинале петмина демонстранти. Демонстрантите настрадале за време на нападот врз зградата на гувернерот во Кехдериџан, во покраината Исфахан. Иранскиот портал „Асриран“ потврди дека во текот на нападот загинале вкупно петмина демонстранти. Според наводите на Раџа њуз, за време на протестите во Наџафабад, исто така во покраината Исфахан, загинале четири лица, од кои двајца полицајци и двајца демонстранти. Претходно, во текот на денот беше соопштено дека на антивладините протести во Иран загинале десет лица, а бројот на приведените пораснал на 377. Протестите против лошиот животен стандард во Иран започнаа во четвртокот, а потоа се проширија низ неколку градови во земјата.