Промовирана книга за Македонците „Голо Брдо-Албанија“ на руски професори

 

Во просториите на албанската академија на науките, во Тирана, промовирана е книгата „Голо Брдо-Албанија“,на група руски автори. На промоцијата зборуваа дел од авторите, унверзитетските професори, Аленксандар Новик и Александра Дугушина. Книгата е посветена на Македоците од оваа област а опфатени се многу аспекти од нивниот живот,јазик,култура,традиција. Посебен акцент е ставен на богатата и преубава народна носија на Македонците од Голо Брдо. Отстапен е простор на нивниот соживот со соселаните Албанци. Професорите од Унивезитетот во Санкт Петербург, кои биле дел од балканската експедиција,во периодот 2008/2010 година прибирале материјал од областа на лингвистиката, етнолингвистиката, етнографијата, историјата, фолклорот од населени места со различен етнички состав, со цел понатамошна нивна анализа.

Она што посебно треба да се истакне е фактот што во книгата уважените професори ни во еден миг не споменуваат постоење на друг ентитет освен Македонците и Албанците, што е уште една огромна потврда дека во областа Голо Брдо не живеат Бугари, како што се обидуваат вештачки да го создадат професори и политичари од Бугарија. Инаку, од областа Голо Брдо, по поделбата на Македонија, во 1913 година, на албанска страна останале 22 села од нив 19 населени само од Македонци додека во три има и Албанци,додека на македонска страна останале четири села. Книгата „Голо Брдо-Албанија“ е отпечатена на руски и на албански јазик.