Првата самостојна изложба на младата Сара Длака

Првата самостална изложба на младата уметница од Лабин, Хрватска е отвопрена на 06.12.2017 година во Галеријата „КО-РА“ во Скопје, Македонија. На изложбата има претставено 15 творби во бакропис, линорез и комбинирана техника. Сара Длака е родена 1987 година во Пула, Хрватска, по мајка е Македонка се Завршила Средно училиште за примената уметност и дизајн – одсек сликарски дизајнер во Пула. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност на Педагошки одсек, графика и сценографија во класата на професор др Трајче Блажевски во 2016 година во Скопје, каде што продолжила на посдипломски студии по графика, на кои што магистрирала во 2017 година. Добитник е на првата награда на меѓународната детска ликовна изложба „13 Ноември“ во Скопје. Учествувала на повеќе заеднички изложби во Македонија и Хрватска. Посебно значаен бил нејзиниот настап на меѓународните изложби во организација на Ј.У. Дом на културата „Кочо рацин“ во Скопје – по повод одбележување на Денот на пролетта, Денот на заштитата на околината и екологијата, насловени „За спас на нашата планета земја“ како и изложбата „Во хармонија со природата“ и „Танго ново“.
Advertisement