
Министерот за надворешни работи на молдавскиот регион Приднестровје, кој граничи со Украина, денеска изјави дека е посветен на постигнување независност и можно обединување со Русија.
Контингент руски мировници е стациониран во Приднестровје од 1992 година. Аналитичарите сметаат дека Путин всушност се обидува да ја преземе контролата врз територијата на која живеат околу 470 илјади луѓе, пишува The Guardian.
Во јуни, ЕУ ѝ додели на Молдавија кандидатски статус. Виталиј Игнатиев, министерот за надворешни работи на сепаратистичката република, на конференција во Москва рече дека Приднестровје ќе ги следи целите утврдени на референдумот во 2006 година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden