Шпанскиот крал ситуацијата во Каталонија е многу сериозна

Шпанскиот крал Филип Шести, денеска нагласи дека актуелната ситуација во Каталонија е „многу сериозна“. Два дена откако беше одржан неуставниот референдум за независност во Каталонија, шпанскиот крал наведе дека каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“.

Тој исто така, констатираше дека „неодговорното однесување“ на каталонските лидери може да ја изложи на ризик економската стабилност на Шпанија. Шпанскиот крал Филип, потенцираше дека силно го поддржува Уставот и единството на Шпанија.

Advertisement