Сто пати кажаната лага станува вистина

Веројатно бугарската држава тргнувајќи од оваа народан поговорка инвестира бројни истражувања во Република Албанија со една цел, сто пати да кажат дека Македонците во Албанија се Бугари, па можеби, магично, тоа и че се оствари. Ваквата бугарската политика за бугаризирање на македонското малцинство во Албанија не е ниту нова, ниту спонтана. Имено, од самото осамостојување на Република Македонија од југословенската федерација, започна и процесот на населување на Македонци во Република Македонија, започна создавањето на македонски друштва, здруженија, партија. Но, предзнакот македонски кој сите тие го носеа им бодеше очи на бугарските власти, а потребата да се смени таа состојба ја увидоа и ја спроведуваа со децении.

Секако, при тоа, користејќи го секој момент за поткупување на македонскиот страдалник кој живееше во мизерни услови на албанската територија. Така, бугарската „добротија“ ја почувствуваа сите оние кои прифатија да се нарекуваат Бугари и да потпишуваат „документи“ дека од дедо и прадедо се Бугари, ама сега дури се сетиле. Оти им требал бугарски пасош за бегство од сиромаштијата. Инвазијата на Бугарија во однос на потребата за побугарчување на македонското население во Албанија, кулминираше со политички притисоци во 2017 година, на кои потклекна албанската Влада со признавање на непостоечко бугарско малцинство на нејзината територија. Ама политика е ….., па се и е дозволено, се додека некој со тоа се задоволува. И приказната продолжува.

Нели сто пати треба да се каже лагата за да стане вистина. Секако, со добра финансиска подлога Институтот за етнологија и фолклористика со Етнографски музеј при БАН, потоа Асоцијацијата за антропологија, етнологија и фолклористика „ОНГЛ“ и Катедрата „Етнологија“ при Историскиот факултет на Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ подготвиле филм со наслов „Две куќи и половина“ кој се однесува на животот во дебарските села, од албанската страна на границата. Само еден поглед на екипата која го работела филмот, како и периодот во кој е работен јасно покажува дека бугарската инвазија за побугарчување на македонското население во Албанија требало да кулминира со периодот вокој Бугарија ќе претседава со Европската Унија.

Односно, периодот кој треба максимално да се понижуваат и присилуваат албанските власти да го признаат бугарското малцинсво кое не постои во Албанија. Секако, честитки за бугарската упорност и настојчивост, а на бугарските „научници“ честитики за заслужените хонорари. Секоја чест и за молкот на македоските политички гарнитури и за незаинтересираноста да си го заштитат своето население во Албанија од одродување и понижување.

Advertisement