Светски авиопревозник е Qatar Airways, прво место во Европа е Lufthansa (ВИДЕО)

Светски признатиот истрашувачки институт Skytrax ја објави овогодинешната листа на најдобри авиокомпании. Најдобар светски авиопревозник е Qatar Airways, а на прво место во Европа е Lufthansa. Qatar Airways на првото место во светот се врати откако лани на тоа место беше Emirates, а оваа година и по шест години на тронот во Европа симната е компанијата Turkish Airlines.

Доделувањето на наградите кое се нарекува Оскар во индустријата на авијацијата се одржа денеска во Париз на аеродромот Le Bourget. Skytrax како водечки истражувач на пазарот специјализиран за областа на авијацијата анкетирал 18 милиони патници во повеќе од 160 земји во светот.

Qatar Airways поради нарушените дипломатски односи меѓу Катар и другите земји од Заливот во моментот е под голем притисок . Авионската компанија со седиште во Доха не смее да лета над соседните арапски земји вклучително и Обединетите Арапски Емирати. „Да се биде прогласен за најдобра светска авиокомпанија за Qatar Airways во овој критичен момент е значаен доказ дека патниците имаат доверба во нашата непоколеблиа посветеност да испорачаме само најдобро. Оваа награда е одраз и на тешка работа и посветеност на нашите вработени. Признанието кое ни го доделува Skytrax е особено важно затоа што најдобрите ги бираат патниците“, вели Акбар Ал Бакер, директор на катарската компанија.

Карстен Спор, директор на Deutsche Lufthansa AG, порача дека се исплателе вложувањата и услугите кои ги пружале минатата година и наградата ја смета за доказ дека патниците ги почитуваат квалитетите на Lufthansа. Освен за најдобра авиокомпанија во Европа, Lufthansa е прогласена и за најдобра авиокомпанија на Западна Европа , а освои и награда за најдобар салон за ручање во прва класа.

 

Advertisement