Зајакнување на економската соработка, нови инвестиции и подобро поврзување меѓу Македонија и Чешка е пораката која вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја упати на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, што се одржува во Прага. Тој истакна дека политичките односи меѓу двете држави се на добро ниво, но постојат можности на зголемување на економската ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Македонија официјално стана членка на СЕПА eдинствената област за плаќања во евра
Европскиот совет за плаќања денес ја прифати Македонија како 39-та членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, претходно властите правеа значителни напори за да ја усогласат правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), како што е Законот за спречување на перење пари и други ...
Read More »Македонската туристичка понуда на Меѓународната туристичка берза во ИТБ Берлин
Туристичката понуда на Македонија, најатрактивните локалитети во земјава и локалните туристички продукти ќе бидат презентирани на Меѓународната туристичка берза што од денеска наредните три дена ќе се одржува во Берлин, Германија. На големиот саем за патувања, иновации, знаење и инспирација за поместување на туристичките граници, ќе се претстават 190 земји и региони со 5.600 излагачи, сите со свои атрактивни и ...
Read More »Мицкоски по средбата со Орбан: Македонија со поддршка за Украина и мирот, огромен интерес за унгарскиот кредит, растот неминовен
Најпрво да се заблагодарам на топлото добредојде и приемот кој го имавме на највисоко ниво овде во Будимпешта, што само го потврдува високото ниво на односите кои постојат помеѓу двете држави. Како што и самите бевте сведоци денеска овде се одржа македонско унгарскиот владин самит, или втората меѓу владина седница, по таа во Охрид. Најголем дел од работите за кои ...
Read More »Средба Николоски – Лазар: На Македонија и се потребни пријатели како Унгарија, ја унапредуваме соработка
Исто така на средбата министрите разговараа и за можноста за реализација на заеднички проекти од регионален интерес, зголемување на трговската соработка и инвестициите. Македонија и Унгарија се пријателски земји со одлични економски и политички односи и во духот на ова пријателство ја продолжуваме досeгашната соработка. Поддршката од Унгарија е значајна и за патот кон Европската Унија и верувам дека оваа ...
Read More »Македонија: Средба на претседателката Сиљановска Давкова со директорот на Агенцијата за иселеништво
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов. На средбата, директорот ја информираше претседателката за организацијата на Агенцијата и за човечките ресурси во неа, како и за преземените и планираните активности, неопходни за унапредување на односите и соработката со нашите иселеници и нивните различни иселенички организации. Тој истакна дека Агенцијата остварува интензивна соработка со импозантна иселеничка ...
Read More »Николоски: Започнуваме со реконструкција на Воена болница и изградба на нова терминална зграда на охридскиот аеродром објекти од витално значење за Македонија
Го означуваме почеток на два големи проекти, едниот е реконструкција на Воена болница во вредност од 12 милиони евра и изградба на нова административна зграда со проширување на просторот за патници во вредност од 2,7 милиони евра или вкупно 14,7 милиони евра за овие многу значајни капитални проекти, истакна денеска на прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. ...
Read More »Андоновски во Будимпешта: Македонија станува лидер во електронските услуги во Западен Балкан
Ние не сакаме само да бидеме во чекор со дигиталната револуција – сакаме Македонија да стане лидер во дигиталното управување во Западен Балкан“ изјави министерот Андоновски. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум во организација на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), кој овие денови се одржува во Будимпешта, Република Унгарија. На сесијата посветена на состојбата на ...
Read More »Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени
Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан. Фрустрациите помеѓу граѓаните на мојата земја се екстремно големи. Сведочам дека во време ...
Read More »Николоски: Една од најголемите туристички агенции во Европа ќе носи туристи во Македонија
Уште во опозција започнавме разговори со една од најголемите туристички агенции во Европа која носи туристи надвор од главната сезона и еве ги резултатите денеска. Првиот авион со 180 туристи пристигна денеска. Секој ден по еден авион и меѓу 180 и 200 туристи или само оваа година ќе пристигнат повеќе од 35 илјади туристи, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостување ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden