Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја започна официјалната посета на Индија со средба со потпретседателот на државата, Џагдееп Дханкар. На средбата беа поздравени пријателските односи меѓу двете земји, како и реафирмирани заемните заложби за зајакнување на соработката, пред се’ во делот на економските врски и бизнис вмрежувањето. Притоа, Османи нагласи дека и покрај нашите надворешно-политички приоритети, од особена важност ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Владата на Албанија по преговори со Македонија го менува проектот Коридорот 8, додава тунел од 3 километри
Владата на Република Албанија го промени проектот на патот Елбасан – Ќафасан, кој е дел од Коридорот 8, додавајќи изградба на уште еден тунел долг 3 километри. Министерката за инфраструктура и енергетика на Република Албанија Белинда Балуку изјавилa дека ова решение е постигнато по преговори меѓу владите на Албанија и Македонија, односно одговорните министерства за инфраструктура. Ова е важен дел ...
Read More »Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, кој е во дводневна посета на нашата земја. На средбата беше потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја. Истовремено, беше изразено очекување од официјален Вашингтон дека Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја истакна ...
Read More »Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Мони Дамевски. На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на овогодинешната програма на 44-тиот интернационален фестивал на филмска камера, ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од целиот свет. ...
Read More »Мицкоски и Николоски остварија средба со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер во Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер во Република Македонија. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и евроинтегративниот процес на земјата. Претседателот Мицкоски ја информираше амбасадорката Дрекслер за актуелните политички состојби во државата и дека власта свесно го крши Деловникот за работа ...
Read More »Албанија и Македонија ги имаат најевтините ресторани во Европа
Ерик Блик од Шведска дојде во Албанија на 10 дена. Слушнал дека е евтино, но вели дека е навистина изненаден, не само од евтините цени, туку и од квалитетот. „Храната во Ѓирокастро и Берат беше многу добра. Многу малку плаќавме оброци, 10-15 евра. За време на фолклорниот фестивал цените поскапеа нешто повеќе од вообичаено за 3-5 евра по оброк, но ...
Read More »Двосменска работа во конзулатите во Берн, Бон, Берлин и Минхен – зголемен број на барања за издавање на документи
Поради зголемен прилив на барања за издавање на документи кои пристигаат во македонските амбасади, министерството за надворешни работи ќе се воведе двосменско работење во неколку европски градови. Први, каде ќе се воведе двосменско работење, се конзулатите во Берн, во Бон, во Берлин и во Минхен за да им се излезе во пресрет на граѓаните, поради обврската за промена на личните документи ...
Read More »Царинските управи на Македонија и Албанија на граничниот премин Ќафасан го потпишаа последниот протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин
Директорите на царинските управи на Македонија и Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели денеска на граничниот премин Ќафасан го потпишаа последниот протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји. Како што соопштија од Царинската управа, со потпишувањето на протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел ...
Read More »Македонија: Премиерот Димитар Ковачевски одржа тет-а-тет средба со неговиот албански колега Еди Рама
Премиерот Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со неговиот албански колега Еди Рама, на која во фокус на разговорот беа перспективите и придобивките од Берлинскиот процес, интеграциите во Европската Унија, како и важноста од натамошно зацврстување на билатералната соработка меѓу двете соседни земји, кои се членки на НАТО. Премиерите Ковачевски и Рама се согласија дека евро-интегративните процеси на двете земји и ...
Read More »Kултурно-историското богатство на Македонија на изложба во Охрид
Фотографии од голем формат од најзначајните културно-историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на Македонија од 5 до 7 јули ќе бидат изложени во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид. Основната цел на проектот е подобро запознавање и подигнување на јавната свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно-историските споменици, религиозните објекти ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden