Отворен е третиот повик од ИПА2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, Инструментот на Европската Унија во вредност од 4,930,000.00 евра. Повикот има три приоритетни области: 1. Делот на туризамот, културното и природното наследство; 2. Економија и тоа: конкуренција, бизнис, трговија и инвестиции 3. Екологија: заштита на животната средина, адаптација и ублажување на климатските промени, превенција и менаџирање на ризици. ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Македонско друштво „Илинден“ -Тирана побара од премиерот Заев да се заложи одлуката за преминот Џепиште – Требиште што поитно да се спроведе
Македонското друштво „Илинден“ -Тирана, испрати барање до премиерот на Македонија, Зоран Заев, да се заложи што е можно поитно граничниот премин Џепиште – Требиште, кај Дебар да премине во премин од регионален карактер, кој ќе функционира 24 часа. Друштвото потсетува дека граничниот премин Требиште-Џепиште, кај Дебар, кој беше отворен во 2013 година, е од локален карактер, со заедничка албанско-македонска полициска ...
Read More »10 тони помош за Македонија од Обединетите Арапски Емирати
На скопскиот аеродром слета авион со 10 тони хуманитарна помош од Обединетите Арапски Емирати за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот. Македонија доби речиси 1.500 пакети медицинска опрема за заштита на медицинскиот персонал. Вредноста на помошта е повеќе од 1,5 милиони евра. Помошта е во рамките на програмата на Емират еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на ...
Read More »Македонија, Албанија и Србија потпишаа Меморандум за соработка во услови на ковид-19
Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и на Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ во присуство на министрите за здравство одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на ковид-19 криза. Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе ги минуваат границите и без ...
Read More »Триумф на македонските ракометари на гостувањето кај Швајцарија
Црвено жолтите попладнево на гостувањето во Шафхаузен го совлада домаќинот Швајцарија со 25-23 и обезбедија важен триумф во битката за второто место во групата кое води на Еврошампионатот во 2022. Одличната игра во одбрана на нашиот национален тим беше клучна за успехот на денешниот меч. По израмнетото прво полувреме во ист ритам двете селекции продолжија и во вториот дел. Швајцарците ...
Read More »Бронзен медал и пофалница освоија македонските средношколци на Балканската олимпијада по физика
Во конкуренција на 48 натпреварувачи од 11 земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Грција, Кипар, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора), средношколецот од Пробиштип Драго Јакимовски освои бронзен медал, а Мајкл Георгиевски доби награда за успешно учество (пофалница) на Втората Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија. Меѓународниот напревар по ...
Read More »Донација на медицинска опрема од Австрија преку УНДП за Македонија
Австрискиот амбасадор Георг Вуцас и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан, денеска има средба со министерот за здравство Венко Филипче за тековната состојба со Ковид-19. Во октомври годинава, Република Австрија, преку Австриската Развојна Соработка (ADA) и во партнерство со УНДП, продолжи да ја поддржува Македонија во напорите да се справи со пандемијата со донација на 300 неинвазивни респираторни маски, ...
Read More »„Алкалоид“ со 175 нови вработувања и со двојно зголемени инвестиции во износ од над 1,1 милијарда денари
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-септември 2020 година, продажбите достигнуваат 6.900.199.436 денари, што е за 9 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 8.929.099.884 денари, што е за 8 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени ...
Read More »Македонија: Од денеска задолжително со маска и на отворено
Од денеска носењето маска на отворено е задолжително, откако измените на законот вчера беа донесени во парламентот со 53 гласови ЗА, 26 воздржани и без против. Носењето маска на отворено не е задолжително при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор ...
Read More »Претседателот Пендаровски на прес конференција по седницата на Советот за безбедност (ВО ЖИВО)
Претседателот на државата Стево Пендаровски на прес конференција по седницата на Советот за безбедност, имено, Советот за безбедност денеска во претседателската „Вила Водно“ расправаше за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 и за мерките и активностите на надлежните институции. На седницата, како што претходно соопштија од кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden