Tag Archives: Македонија

Македонија: Петнаесеттина странски медиуми акредитирани за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе известуваат 55 странски новинари кои добија акредитации од Државната изборна комисија. Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс Прес, Гласот на Америка, Асошиејтед прес, новинската агенција АНА-МПА, Њуз247, ...

Read More »

Кина донира заштитна опрема за Македонија во вредност од 250 илјади евра

Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде примопредадена донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина. Донацијата е во вредност од околу 250.000 евра и се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови. На примопредавањето на донацијата најавено е присуство ...

Read More »

Maкедонија се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Mакедонија на 76-та седница ја разгледа и усвои Информација за можноста на Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19. За таа цел го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за ...

Read More »

Македонија: Од полноќ почнува тридневен изборен молк

Од недела на полноќ (13 јули), заклучно со 21:00 часот на 15 јули, важат правилата за изборен молк за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања, информира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ. Според ...

Read More »

Историјата можат да ја одбранат само историчарите

Неодамна (на 13 јуни 2020) во главниот град на поранешната заедничка ни држава СФРЈ беше потпишана декларација за одбрана на историјата од ревизионизам и од политичка злоупотреба („Да ја одбраниме историјата“) од претставници на државите што се осамостоија од југословенската федерација, на што имаа уставно право. Веднаш треба да се каже дека ревизионистички пристап кон историјата има не само во ...

Read More »

Македонија: Чулев, МВР гарантира фер, мирни и демократски избори

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ро рамки на денешните активности оствари работна посета на одделенијата за внатрешни работи во Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Свети Николе, при што имаше и работни состаноци со раководствата на четирите одделенија. Обезбедување на парламентарните избори, справувањето со пандемијата од Ковид19 и борбата против сите форми на криминал биле темите за кои се дискутирало ...

Read More »

Македонија: Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи можат да се пријавата за мониторинг на изборите. Досега се акредитирани вкупно 2.148 набљудувачи, од кои 2.018 домашни и 130 странски. Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 905, на АКСИОС 2017 ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана: Македонци во Албанија со македонско државјанство да гласаат на изборите на 15 јули

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија кои имат македонско државјанство правото на глас на предвремните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија да го остварат во Република Македонија на гласачките места според последната адреса во место на живеење. Имајќи го предвид соопштението на Државната изборна комисија, дека изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија, надвор ...

Read More »

Чудата на Св. Наум Охридски – Исцелител и просветител на македонскиот народ

Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што ...

Read More »

Виз Ер: Обновени рутите од и до Македонија, достапни 34 дестинации

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер објави дека со повторното отворање на рутите од аеродромите во Скопје и Охрид, на кои од вчера се опслужуваат патнички летови по пауза од 3,5 месеци поради мерките за пандемијата со КОВИД-19, патниците можат да резервираат карти за 34 различни дестинации. Авиокомпанијата денеска соопшти дека моменталните рути што ги опслужуваат од Скопје се на дестинациите: Салзбург, ...

Read More »