Tag Archives: Македонија

Македонија: Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ одбележи 75 години постоење

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје денеска ќе го одбележи патронатот и 75 години од основањето. Во пресрет на државниот празник посветен на просветителот св. Климент Охридски – 8 Декември, делегации што ќе присуствуваат на свеченоста денеска најпрво ќе положат цвеќе на неговиот споменик пред Библиотеката. Специјално за оваа пригода со видеопрезентација на архивски фотографии и скенирани материјали ...

Read More »

Македонија: Завршени изградбата на Центарот за опоравување од катастрофи во Прилеп (ВИДЕО)

„Со изградбата на Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата, кој е од исклучителна важност како за Министерството за внатрешни работи, така и за другите државни институции, сакаме да бидеме подготвени за да обезбедиме функционирање на виталните информациски системи во случај на евентуално онеспособување на примарниот информатички систем поради природни или катастрофи предизвикани од страна на ...

Read More »

Македонија: Димитров на Mинистерски совет на ОБСЕ во Братислава

Делегација на Македонија предводена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествува на 26. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што ќе се одржи на 5 и 6 декември 2019 година во Братислава, Словачка. На Министерскиот совет министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ ќе разменат мислења за работата и активностите на ...

Read More »

Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) усвои Повелба за македонскиот јазик

Собранието на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) на денешната седница усвои Повелба за македонскиот јазик. Во Повелбата за македонски јазик МАНУ ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик, како и улогата на Академијата во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик во домашни и во меѓународни рамки. Повелбата, како што соопшти МАНУ, ги зацврстува ставовите на Академијата за потребата ...

Read More »

Македонија: Општина Битола додели милион денари за настраданите во земјотресот во Албанија

Општина Битола одлучи да додели 1 милион денари  помош на Албаниија, за настраданите во земјотресот кој се случи минатата недела, а најмногу го погоди градот Драч. Освен Општина Битола, и голем дел од останатите општини донираа финансиски средства, како и облека, храна и вода за настраданите во катастрофалниот земјотрес кој однесе 52 човечки животи, а над 700 лица беа повредени. ...

Read More »

Хуманитарната помош од Хуманитарната организација „Свети Спас“ пристигна во Драч

Хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ- ОА „Свети Спас”, со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, донираше хуманитарна помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Драч, Албанија. Донацијата која што беше собрана изминатите денови, беше предадена во манастирот „Свети Власиј“ во Драч каде што моментно се сместени 150 луѓе кои ги изгубија своите домови, а во ...

Read More »

Македонија: Пукање со автомати во хотелот „Александар Палас“ еден е ранет

За среќа нема повредени во оружениот инцидент кој се случил ноќеска во Скопје. Од полицијата велат дека триесетина минути после полноќ во полиција е пријавено дека имало пукање од огнено оружје во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, извести МВР. Според пријавата во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), И.Е. (25), Б.О. (35), И.К. (41) и Ќ.Љ. (25) три лица почнале ...

Read More »

Македонија: ЈП Комунална хигиена- Скопје cобраната хуманитарна помош за Албанија  

Во текот на изминатата недела, ЈП Комунална хигиена- Скопје отвори пункт за собирање хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Албанија. Вработените во Претпријатието собраа 208 пакети со хуманитарна помош во вид на храна, облека, постелнина и хигиенски средства, што денеска во координација со Црвениот крст на Македонија беа испратени во местата погодени од земјотресот.  „Премногу ...

Read More »

Македонија: Намален водостојот на Преспанското Езеро

Водосотојот на Преспанското Езеро е за еден сантиметар намален во однос на вчера и е за 56 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за ноември, покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчерашните, но кај Охридското Езеро водостојот е ист со просечниот, додека кај Дојранското е за 2,7 ...

Read More »

Црвениот Крст на Македонија собра 40.000 евра помош за Албанија преку мобилните оператори

  Вреќи за спиење, ќебиња монтажни кревети се дел од донациите кои Црвениот Крст на Македонија ги однесе на настраданите од силниот земјотрес во соседна Албанија. Дополнително тие донираа и 10 илјади евра парична помош. Досега од повиците на трите мобилни оператори преку линијата 143 400 собрани се 40.000 евра, а отворена е и специјална сметка за солидарност на Црвениот ...

Read More »