Tag Archives: Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана против отворање мигрантски центри во општина Пустец областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара итно од Владата повлекување на одлуката за отворање на три прифатни центри за мигранти на територијата на Општина Пустец, во областа Преспа, и тоа: во селото Зрноско, на спортските игралишта во Пустец и во селото Долна Горица. Оваа одлука произлегува од нормативниот акт „За одобрување на Националниот план за контингенција за мешани миграциски текови 2026–2028 година“, ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Богојавление Христово – Водици

Македонското друштво “Илинден“-Тирана од името на сите Македонци во Република Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот Христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на ...

Read More »

Годишен извештај на Македонско друштво “Илинден”-Tирана за 2025 година

Македонското друштво “Илинден“-Тирана е формирано на 6 февруари 2009 година во Тирана со цел заштита и унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. Од 16 мај 2015 година, друштвото е членка на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и активно учествува во Работната група на словенските малцинства (АГСМ). Во текот на 2025 година, Македонското друштво “Илинден“-Тирана реализираше значаен број ...

Read More »

Силна поддршка за македонското малцинство во Албанија на европско ниво

ФУЕН ја усвои резолуцијата на Македонците во Албанија – порака до Европа за заштита на малцинствата Резолуцијата поднесена од македонското друштво „Илинден“-Тирана беше едногласно усвоена на генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), одржано на 69-от конгрес во Болзано, Италија. Резолуцијата не е само декларативен акт – таа е официјален документ усвоен од најголемата европска организација за национални ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Aлбанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.

Read More »

Резолуција за суштински демократски исчекор на Албанија и промени што ќе ги гарантираат правата на Македонците

Македонското друштво “Илинден“-Тирана лансира меѓународноправен документ со кој бара реална заштита на правата на малцинствата во Албанија Албанија одамна ја изразува својата амбиција за членство во Европската Унија. Но европската интеграција не се мери само со економски реформи или усогласување закони – таа се мери со тоа како една држава ги третира своите малцински заедници. Ако Албанија сака да биде ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба,  упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение ...

Read More »

Бескрупулозен атак врз претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, како поширока стратегија против Македонците во Албанија

Бескрупулозен атак врз претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, како поширока стратегија против Македонците во Албанија Целокупната македонска јавност го осудува написот насловен „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“ на бугарскиот интернет-портал „Буревесник“. Според повеќе соговорници, тоа е класичен пример на медиумска манипулација во насока на дискредитација на ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 26 септември 2025 се направени прегледи од страна на бугарски лекари и во самите слики се гледа бугарското знаме во државна амбуланта во Пустец ова е преседант бидеќи е државна инситуција каде живе Македонско население призната од албанска држава. Секому е ...

Read More »

Федералната унија на европските националности е организација што дава значајна можност за промовирање на македонските малцински права кај соседите

Федералната унија на европските националности е организација што дава значајна можност за промовирање на македонските малцински права кај соседите. Членувањето во ФУЕН ги зголемува легитимитетот и видливоста на македонското малцинство во Албанија и во Грција на европската сцена, но динамично ја зголемува и веројатноста за видливост на македонското малцинство во Бугарија. Добро упатени лица во оваа проблематика ни посочија дека ...

Read More »