Tag Archives: Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на ФУЕН ќе се одржи од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. Нашето друштво е рамноправен член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана им посака успешна учебна година на учениците и наставниците

Македонското друштво “Илинден“-Тирана им посакува на сите ученици и наставници успешна учебна година, исполнета со знаење, посветеност, успеси и нови достигнувања. Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени желби до учениците и наставниците за успешна работа, многу знаење и постигнувања во текот на учебната година. „Нека биде ова убава и успешна година за сите!“, се наведува во честитката на Македонското друштво “Илинден“-Тирана ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) што ќе се одржи во Хелсинки, Финска  

Македонското друштво “Илинден”-Тирана, ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) ќе се одржи од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. Домаќин ќе биде Шведско собрание на Финска (Svenska Finlands folkting/Folktinget in Swedish), кое работи за јазичните права и статусот на шведскиот јазик во Финска повеќе од 100 години, oснована во 1919 година, е ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Слика: Излет на Македонците во Тирана за Илинден во 1937 година Македонското друштво “Илинден“-Тирана го честита Денот на Републиката – 2 Август, празникот на двата историски Илиндена: 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. „Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува честитки до американскиот народ по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави

По повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени честитки до американскиот народ, со желби за мир, просперитет и благосостојба. Нека овој значаен празник биде потсетник на трајните вредности на слободата, демократијата и човековите права, кои претставуваат темел на современите демократски општества. Среќен 4 Јули – Ден на независноста на Соединетите Американски ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана по повод Свети Наум Охридски 

Македонското друштво “Илинден“Тирана упатува искрени честитки по повод празникот Свети Наум Охридски – исцелител и просветител на македонскиот народ. Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, кој нè потсетува на духовното, културното и просветителското наследство што ни го оставил Свети Наум – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонското друштво “Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај.

Read More »

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи Благодарницата „Илинден“ на Љупчо Златев, уредник на Лидер

По повод 17-годишнината од формирањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, лично му ја врачи Благодарницата “Илинден“ за 2026 година на Љупчо Златев, уредник на Лидер, во просториите на Радио Лидер во Скопје, Македонија. „Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам Благодарницата ...

Read More »

Ѓурѓај, присуствуваше на свеченото отворање на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје

На 23 јуни 2026 година, по покана на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите, претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, присуствуваше на свеченото отворање на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, која се одржа во Скопје. Конференцијата беше организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, ...

Read More »

Ѓурѓај и Богески разговарале за соработка во зачувувањето на историско и културно наследство на Мaкедонците во Албанија

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“–Тирана, во рамки на програмските активности, оствари средба со Димитар Богески, директор на Државниот архив на Македонија. На средбата разговаравме за улогата и значењето на архивската дејност, како и за можностите за понатамошна соработка во насока на зачувување, афирмација и промоција на македонското историско и културно наследство на Мaкедонците во Република Албанија- информираше Ѓурѓај. Додава дека ...

Read More »

Семинарот на АГСМ во Тирана се фокусира на состојбата на Македонската заедница во Албанија (ФОТО)

Од 4 до 7 јуни, во Тирана се одржа 29-тиот семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за прв пат во Албанија и во годината кога се одбележува 30-годишнината од АГСМ. Учествуваа околу 40 претставници на словенските малцинства од цела Европа. Настанот беше организиран заедно со Македонското друштво “Илинден“-Тирана, кое го претставува Македонското малцинство во Албанија. Фокусот ...

Read More »