Tag Archives: Македонци во Албанија

Во август рекордна фрекфенција на граничниот премин Требиште – Џепиште

  Во текот на месец август забележана е рекордна фрекфенцијата на патници и возила на граничниот премин Џепиште -Требиште кај областа Голо Брдо, Дебар. Тоа како резултат на подобрената патна инфраструктура од двете страни на границата, претходно во просек минуваат по педесеттина лица. Споредено со „Блато“ тука има помала фрекфенција бидејќи станува збор за граничен премин кој волетниот период работи секој ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана до верниците со Исламска Вероисповед

  Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година – стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

Почна летниот камп „Ја сакам Македонија – 2018” учестваат повеќе од 80 ученици со македонско потекло од Балканот

  На 19 август 2018 година во Охрид, Република Македонија државниот секретар на Министерство за надворешни работи на Македонија Виктор Димовски го отвори Летниот камп по македонски јазик и култура „Ја сакам Македонија-2018”, што во организација на Министерството за надворешни работи традиционално се одржува секоја година. Целта на оваа манифестација е одржување на врските со децата кои имаат македонско потекло, ...

Read More »

Ќе се промовира монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“

На ден 24 август (петок) 2018 година во Битола, во Малата сала на НУ „Завод и Музеј“ – Битола, ќе биде промовирана монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“, на авторот д-р Мери Стојанова. Книгата е резултат на теренските истражувања и кабинетската работата на нејзината докторска теза во која акцентот е ставен врз промената на ...

Read More »

Ќе се реставрира црквата „Свети Спас“ во село Крчиште

Националниот совет за реставрација на Албанија ќе ја реставрира црквата „Свети Спас“ во пограничното село Крчиште, кое некогаш било населено икслучиво со Македонци. Усвоениот проект од страна на Регионалната управа за национална култура во Скадар предвидува реставрација на конструктивните елементи на црквата. Овој божји храм е изграден 1270 година и како споменик на културата под заштита на државата е од ...

Read More »

Македонците во Албанија во село Ербеле, областа Поле, Маќелара го одбележаа Св. Преображение

Македонците од цела Албанија се собираат во село Ербеле областа Поле, Маќелара на 18-19.08.2017 година го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век. Ноќта пред празникот секој добронамерник и госин е срдечно пречекан кај домаќините.  На прослава за празникот Преображение присуствуваа Македонци со потекло од Ербеле кои што живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно ...

Read More »

Репортажа за Македонско село Лин – Подградец  

Село Лин, јужно од планинскиот превој и граничен премин Ќафасан. Оддалечено е 22 км од градот Поградец, и блиску до селото Радожда. Според статистиката на Васил Кнчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година село Лин имало 600 жители, од кои 300 Македонци христијани. Лин е единственото село во албанија каде што се зборува Вевчанско – Радошкиот дијалект на Македонскиот јазик уште три села го боруват Вевчани, Радожда и Мали ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ве кани на годишната средба во село Ербеле-Маќелара кај црквата Св.Преображение

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија годишната средба на Македонците во село Ербеле-Маќелара Република Албанија кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2018 година. Сите сте добредојдени!

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонци во Република Албанија и во светот да се евидентираат во избирачкиот список, но да го бојкотираат референдумот распишан на 30 септември 2018

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо изразува загриженост од престојниот референдум во татковината Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Македонско друштво “Илинден“- Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо со индигнација ја отфрла Спогодбата склучена на 17 јуни 2018 година во Нивици, затоа што со неа Владата на Република Македонија ...

Read More »