Летниот камп „Ја сакам Македонија“ го зголемува заедништво меѓу Македонците од соседните земји на Македонија 

Летниот камп „Ја сакам Македонија 2018“ за децата Македончиња кои живеат надвор од матичната земја што го организира Министерството за надворешни работи на Република Македонија во Охрид го зголемува заедништво меѓу Македонците каде и да живеат. На овој традиционлен летен камп, учестваат повеќе од 80 ученици со македонско потекло од Албанија, Бугарија, Грција, Србија , Босна и Херцеговиа, Италија, Австрија и Чешка кои посетуваат курс по македонски јазик, историја и географија на Република Македонија. Целта на оваа манифестација е одржување на врските со децата кои имаат македонско потекло, а кои живеат надвор од Република Македонија. Од Република Албанија на летниот камп учествуваат Македончиња од Тирана, како и од областите Голо Брдо и Мала Преспа.

Летниот камп „Ја сакам Македонија 2018“ е многу значајна активност до сега на кампот учествувале стотина деца Македончиња од Албанија ,кои ги зголемуваат познавањата за мајчиниот јазик, историјата и културата, но исто така кампот придонесува во зголемување на заедништвото меѓу Македонците каде и да живеат. Освен наставната компонента, учесниците имаа можност да ги посетат културно – историските знаменитости во Охрид и охридското крајбрежје, како што се Музејот на вода – залив на коски во месноста Градиште, манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски и Куќата на Робевци во Охрид и да проследат проекции на документарни филмови за историјата на Македонија и македонскиот народ.

Предвидено е, секоја година да се зголемува бројката на учесници на кампот, а право на учество да имаат сите Македонци, без разлика на кој дел од светот живеат, што укажува дека овој проект полека прераснува во една традиција којашто ги обединува Македонците од соседните земји и од дијаспората. Македонско друштво „Илинден“ – Тирана  посочува дека меѓу Македончињата и нивните родители во Албанија се поголем е интересот да го посетуваат кампот, поради што се надеваат дека до година бројот на нивните деца на кампот ќе биде поголем.

Advertisement