Традиционална 9-та македонска вечер во Горњи Милановац

На 10.11.2018 година, во Горњи Милановац, во организација на Здружение на Македонци во Моравички Округ  “Даме Груев” се одржа 9-та традиционална македонска вечер. За послужување, наша трпеза со македонски специјалитети, подготвено од гостинките Благица и Трајанка од Росоман, и нашите домаќинки од Горни Милановац. За добро расположение се погрижи „АкустикоБенд“ од Кавадарци и нашиот традиционален помагател, Ристо Јошев од Росоман. Присутни на Македонската вечер имаше МАкедонци од Горњи Милановац, Чачак, Крагујевац, Смедеревска Паланка, Белград, Панчево, и преставници на амбасадата на Репблика Македонија во Србија, како и преставници од локалната самоуправа. Голема благодарност до организаторите, догодина подобро и повесело за 10-та јубиларната забава која ќе биде во Чачак.