
Црна Гора издаде меѓународна потерница за апсење на поранешен агент на ЦИА за наводна вмешаност во, како што го определува Владата, неуспешниот проруски обид за државен удар, кој имал за цел да го спречи влезот на Подгорица во НАТО, објави радио The Voice of America. Државната телевизија на Црна Гора соопшти дека обвинителите побарале екстрадиција на американски државјанин, роден и израснат во Египет, под обвинение дека учествувал во криминален акт, извршен од двајца офицери од руското воено разузнавање.
VOA потсетува дека Русите и уште 12 лица, претежно Срби, се обвинети од црногорското обвинителство дека размислувале за државен удар на денот на изборите во октомври 2016 година, кој вклучувал и планови за убиство на тогашниот премиер и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ, да го заземат на парламентот и да ја преземат контролата врз власта. Случајот против Русите се води во отсуство. Црногорските власти истражуваат дали тој бил ангажиран да помогне за бегство на 14-те осомничени, објавија медиумите. Неговото име беше споменато од друг поранешен агент на ЦИА, кој дал сведоштво за случајот.
Според дадените информации, агентот одбил да сведочи и негирал дека извршил незаконски дејства. Предметниот поранешен вработен во ЦИА и неговата сопруга, потсетува VOA, станаа меѓународно познати, кога американските медиуми открија дека помогнаа на повеќе од 100 ирачки христијани да го избегнат насилството на „Исламска држава“ и да пристигнат во Европа како бегалци во 2015 година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden