Црна Гора поблиску до приемот во НАТО

Црна Гора поблиску до влез во НАТО, откако вчеравечер американскиот Сенат даде зелено светло за завршување на расправата за ратификацијата на договорот со кој Црна Гора би станала најмладата членка на Северноатланскиот сојуз. Против беа двајца републикански сенатори Ренд Пол и Мајк Ли, кои сметаат дека нема смисла да се гарантира безбедност и одбрана на толку мала земја. Конечното гласање кое ќе му дозволи на претседателот Доналд Трамп да го ратификува договорот, би требало да се одржи денес или утревечер.

Advertisement