Во Израил пронајден древен христијански мозаик

 

Мозаик кој што датира од 230 година после Христа е пронајден во ископувањата што израелските археолози од универзитетот во Тел Авив ги извршија во древната локација на затворот Мегидо, Северен Израил. Мозаикот е со грчки натпис кој што му припишува божественост на Исуса Христа: „Богољубивата Акептус ја подарува оваа Евхаристиска маса на Господа Исуса Христа како спомен.“ Тој е сведоштво за неприкосновеното сфаќање на Христа како Бог, кај првите христијани.

Акептус е најверојатно жената што ја подарила оваа маса за одржување на локалните Евхаристиски богослужби. Изстражувачите го открија овој мозаик во едно од најдревните познати христијански молитвени места. Доктор Јотам Тепер, од универзитетот во Хаифа, кој што ги водеше ископувањата, изјави дека мозаикот е веројатно дел од молитвената просторија на некој христијански дом. Ваквите домови биле центар на христијанските заедници пред да се започне со правењето цркви во IV век, после обраќањето на римскиот император Константин./www.bigorski.org.mk