Врз основа на иницијативата на „Единствена горанска партија“ ќе се замени целосно електричната мрежа на релација Драгаш – Рестелица во Областа Гора

Врз основа на иницијативата на „Единствена горанска партија“ ќе се замени целосно електричната мрежа на релација Драгаш – Рестелица во Областа Гора во Косово. Денес беше предадено решение за еден од најголемите и исклучително значајни инфраструктурни проекти за Областа Гора. Овој проект се однесува на целосна замена на електричната мрежа на релација Драгаш – Рестелица областа Гора, со што ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија на сите жители во населените места наспомнатата релација.

Имено, заменик министерот за инфроструктура и член на „Единствена горанска партија“, г-дин Хамза Балије, во присуство на пратеникот во Косовскиот Парламент, г-дин Адем Хоџа, претседател на партијата „Единствена горанска партија“, на градоначалникот на Општина Драгаш, г-дин Шабан Шабани му го предаде решението од страна на Министерството за инфраструктура. Воедно, во приликата беше истакната потребата и задоволството од продолжување на соработката на властите со општина Драгаш.

Знаејќи ја важноста на проектот, заменик министерот за инфроструктура и член на „Единствена горанска партија“ Хамза Балије, ја изрази својата благодарност на г-дин Шабани за конструктивната соработка. „…Се надеваме дека ќе продолжиме со имплементација на нови проекти и во наредниот период. Им благодариме на одговорните лица од КЕДС за отворената поддршка и соработка во реализацијата на овој проект“ – истакна пратеникот во Косовскиот Парламент, Адем Хоџа, претседател на партијата „Единствена горанска партија“.