Заврши состанокот на Воениот комитет на НАТО во Тирана

Денска заврши состанокот на Воениот комитет н НАТО, на кој учествуваа началниците на Генералштабовите на земјите членки на НАТО. На крајот на состанокот, претседателот на Воениот комитет на НАТО, Петр Павел, и началникот на ГШ на Албанската армија, Бардил Колчаку, одржаа прес конференција, каде се осврнаа на темите кои беа дискутирани на овој состанок.

„Се вклучивме во искрени дискусии за тешки тематики. Во врска со Западен Балкан, началниците го поддржаа продолжувањето на интеграцијата на регионот. Се одржаа и длабоки дискусии околу безбедносната ситуација на Западен Балкан, како и за безбедноста на околината на Косово. Началниците укажаа на важноста на соработката меѓу НАТО-ЕУ. За Косово не постои спор за армијата, но треба да се направи во согласност со уставните права, во потребен момент, и според потребните процедури“, рече Павел.

Тој во врска со зачленувањето во Алијансата на другите земји од регионот истакна дека НАТО ја претстави својата политика на отворени врати, како и дека нема промена во оваа политика, но постојат некои услови кои се дел од процесот.

Меѓудругото, во врска со последните тензии меѓу САД и Северна Кореја, претседателот на Воениот комитет на НАТО, истакна дека треба уште да чекаат за да најдат политичко решение. Тој додаде дека е потврдено продолжувањето на поддршка за Авганистан. „Ги следиме настаните во Русија, во врска со последните вежби кои ги вршат, но нема показател кој претставува директна закана“, изјави Павел.

Од друга страна, началникот на ГШ на Албанската армија, Колчаку, истакна дека Албанија многу внимателно ги следи настаните во Косово, и мисијата на НАТО, КФОР, според него останува историски успех за Алијансата.

„Во поширок контекст, ние мислиме дека регионот на Западен Балкан бара дополнително внимание од сојузниците за да не се дозволи пробивање на влијанијата од лошите актери кои бараат простор да ја заматат водата и да го дестабилизираат регионот. Сакам да подвлечам дека гласот на Албанија ќе биде силна и упорна за политиката на отворени врати на НАТО, за процесот на евро-атлантската интеграција на нашите соседи“, истакна началникот на ГШ на Албанија. Колчаку додаде дека Албанија ќе остане ангажирана колку што е потребно во мисијата на НАТО „Одлучна Поддршка” во Авганистан.

Началникот на ГШ на Велика Британија, е избран за новиот претседател на Воениот комитет на НАТО, а на функција официјално ќе стапи во лето 2018 година.