70.000 македонци протестираа против промена на името Република Македонија во Сиднеј (ВИДЕО)

Македонските излегоа на протести низ Сиднеј, во знак на поддршка и промовирање на нивните национални интереси, човекови права и право на самоопределување. Организаторите тврдат дека на сите протести се појавиле над 70.000 Македонци. Според последниот попис, таму живеат околу 100.000 македонци. Тие ги прогласија за ,,непожелни личности“, Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, доколку го сменат името на Република Македонија. Демонстрантите излегоа на улиците со црвена и жолта боја што го претставува македонското знаме, известуваат австралиските медиуми. Но, од фотографиите се гледа дека многу ретко може да се види официјалното македонско знаме, бидејќи за Македонците во Австралија знамето со ѕвездата од Вергина е единственото кое го признаваат и носат на сите демонстрации. Демонстрантите носеа транспаренти “Крај на македонскиот геноцид”, “На Македонците во Албанија им се одземени основните човекови права” и “Името на Македонија не е за продажба”.

Демонстрантите кои се собраа во Сиднеј, ја пееја националната химна и маршираа низ улиците, извикувајќи  “Македонија”, додека  гласните тапани правеа голема бука. Дејли мејл Австралија, известува дека протестите се  против негирање на македонското име и идентитет и за подигнување на  свеста за борбата за зачувување на македонскиот идентитет и името Македонија. Грција верува дека Македонија, позната низ светот како Поранешна југословенска Република Македонија, нема право да го користи името Македонија и се противи на тоа, известуваат австралиските медиуми. “Денешните протести, исто така, ќе ја покажат нашата отпорност како мачени и угнетени луѓе”, рече портпаролот на митингот. Македонско-австралиските граѓани се облекоа во  црвено-жолто за да ја покажат својата поддршка за својата татковина. Луѓето пристигнале од Волонгонг, Њукасл и Канбера за да присуствуваат на протестот во Сиднеј. Шерман изјави за Daily Mail Australia, дека  Грција незаконски ја окупирала Македонија во 1913 година. “Оттогаш нашиот народ страдаше”, рече тој, за овој весник.