Mинистерот за надворешни работи на Црна Гора на посета на Република Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, му беше домаќин на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, кој престојува во работна посета на Република Македонија. МНР Дармановиќ ја рефирмираше поддршката од Црна Гора за евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

На пленарните разговори меѓу делегациите на Република Mакедонија и Црна Гора, предводени од Министрите за надворешни работи, беа разменети мислења за сèвкупните билатерални односи меѓу двете држави, можноста за унапредување на односите во сите сфери од заемен интерес, со акцент на економијата, земјоделството и туризмот, како и за соработката на регионален и мултилатерален план.

Во рамки на посетата, министрите Димитров и Дармановиќ потпишаа  Договор меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

MFA 8092

Во текот на вториот ден од работната посета, на свечена церемонија на Универзитетот Св. Климент Охридски“ во Битола, на МНР Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, ќе му биде доделена престижната титула Почесен доктор на науки.