
Македонија е десетта најевтина земја за живеење на листата што ја изготви американската консултантска куќа GoBankingRates, a ja објави Тајм магазинот. На листата се рангирани вкупно 112 земји ширум светот со споредба на трошоците за живот во однос на Њујорк. Македонија е на десетто место, Босна на 11, Србија на 18, Грција на 19-то, Бугарија на 20-то, Црна Гора на 26-то.
Рангирањето се врши на основа на неколку парамтери, индексот на локалната куповна моќ, висината на закупот на недвижностите, цената на намирниците и индексот на малопродажните цени, и потоа споредени со стандардот на животот и цените во Њујорк.
Така, во Македонија локалната куповна моќ е за 49 отсто пониска од таа во Њујорк, киријата е за 94 отсто поевтина што е меѓу најниските измерени, намирниците се за 73,3 отсто поевтини, локалните добра и услуги за 68,6 отсто во однос на Њујорк. За поевтина од Македонија се смета Чешка, заради, како што бележи Тајм, рамнотежата помеѓу пониските трошоци и повисоката локална куповна моќ.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden