ЕУ ги обнови санкциите против Русија до крајот на јануари 2023

Европската Унија одлучи да ги обнови санкциите против Русија за уште шест месеци, па така се продолжени до крајот на јануари 2023 година.

Ројтерс пренесува дека оваа одлука, која ја донесоа министрите за енергетика на ЕУ, се однесува на санкциите кои првпат беа воведени во 2014, а значително беа проширени по руската инвазија на Украина во февруари годинава.

Во моментов се состојат од широк спектар рестриктивни мерки, вклучувајќи ограничувања за финансии, енергија, технологија, стока за цивилна и воена употреба, индустрија, транспорт, поединечни рестриктивни мерки (замрзнување средства и ограничување на патувања) за широк спектар поединци и ентитети, дипломатски мерки…