Ѓурѓај и Богески разговарале за соработка во зачувувањето на историско и културно наследство на Мaкедонците во Албанија

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“–Тирана, во рамки на програмските активности, оствари средба со Димитар Богески, директор на Државниот архив на Македонија.

На средбата разговаравме за улогата и значењето на архивската дејност, како и за можностите за понатамошна соработка во насока на зачувување, афирмација и промоција на македонското историско и културно наследство на Мaкедонците во Република Албанија- информираше Ѓурѓај.

Додава дека средбата минала во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка определба за продлабочување на соработката од заемен интерес. Посочува дека Друштвото е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Албанија, мисија која продолжува со несмалена динамика.