
САД го признаваат Ерусалим како главен град на Израел, потврди вечерва американскиот претседател Доналд Трамп кој официјално се обрати во јавноста. Мојата објава го одбележува почетокот на нов приод кон конфликтот меѓу Израел и Палестинците. Во 1995 година, конгресот усвои акт со кој се побара федералните власти да ја преместат амбасадата во Ерусалим и да го признаат тој град за престолнина на Израел, рече Трамп. Одлуката на Трамп предизвика бурни реакции кај Палестинците и во арапските земји.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden