Акција за спасување мигранти заглавени во гумен чамец во Егејското Море

Турската крајбрежна служба утринава спроведоа акција за спас на вкупно 68 мигранти што се наожаат во гумен чамец заглавен меѓу карпи во Егејското Море, јави турската телевизија НТВ. Мигрантите, кои заминале од одморалиште во областа Дикили кај Измир, планирале нелегално да стигнат до грчките острови. Во акцијата за спасување на мигрантите, меѓу кои има и мали деца, се вклучени и два хеликоптера.

Advertisement