Албанија ќе претседава со ОБСЕ во 2020 година

Албанија ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2020 година. Повеќегодишното барање денеска доби зелено светло oд 1 јануари 2019 година, Албанија станува дел од тројката. Веста ја објави актуелниот претседавач на ОБСЕ, Италија на Твитер. Одлуката ја поздрави амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, кој искажа поддршка за оваа значајна улога, што Албанија ќе ја преземе во 2020 година. Амбасадата на ЕУ во Албанија ја поздравува одлуката за одобрување на кандидатурата на Албанија за претседавање со ОБСЕ. Со нетрпение очекуваме да ја дадеме нашата поддршка на Албанија и за оваа значајна улога, напиша евроамбасадорот Сореца на Твитер. Седиштето на ОБСЕ е во Виена, во неа членуваат 57 земји од Европа, централна Азија и Америка.

Advertisement