Албанија: Полиција заплени поголемо количество марихуана и хероин

 

Албанската полиција во две одделен акции во последното деноноќие заплени половина тон марихуана и над 11 клограми хероин. Крајна дестинација на дрогата бил италијанскиот нарко пазар. Во денешната акција полицијата од приморски град Валона, заплени 500 клограми марихуна. Дрогата била натоварена на моторен чамец, подготвен за испловување, во близина на Петролифера. Претходно, синоќа полицијата од пристанишниот град Драч заплени 11килограми и 395 грама хероин, скриени во кабина на камион. Возилото транспортирало конфекциски производи и требало да влезе во траектот што сообраќал на релација Драч-Анкона. Уапсен е возачот на камионот, албански државјанин, а истрагата е проширена и во Италија.