Author Archives: Весник Илинден

Политичка криза во Германија: Шулц поднесе оставка од Социјалдемократската партија (ВИДЕО)

Мартин Шулц вечерва соопшти дека си поднесува оставка од позицијата претседател на Социјалдемократската партија на Германија (СПД). СПД закажа вонреден партиски конгрес за избор на нов претседател на 22 април, кога ќе се избира наследникот на Шулц. До тогаш партијата ќе ја води градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц. Според партиски извори, најсериозен кандидат за нов претседател на СПД е претседателката ...

Read More »

Последните 7 години Албанија ја напуштиле 330 илјади граѓани

Околу 330 илјади лица ја напуштиле Албанија во последниве седум години, објави албанскиот Државен институт за статистика. Овие бројки се поголеми од втората по бројност околија во Албанија, Фиер со 302 илјади жители или од околијата на Драч со 285 илјади жители. Во последните седум години, најголем одлив е забележан во 2011 година или 52.000 лица. По постепеното намалување во текот ...

Read More »

Духовниот водач на Македонците во Егејска Македонија казнет со 45.000 евра од Грција

Грчката Канцеларија за Даночни Приходи во Воден, го казнил Македонскиот Свештеник и Архимандрит Никодим Царкњас. На Царкњас му било побарано да плати околу 45.000 евра во данок од вкупно 57.000 евра примени како донација за изградба на Македонска Православна Црква Света Злата Мегленска во С’Ботско (Аридеја), која, како и сите други работи, не е признаена од Грчката држава. Бидејќи Царкњас ...

Read More »

Бутарис: Да се преименува солунскиот аеродром, туристите мислат дека доаѓаат во Република Македонија

Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската „Куќа на славните“. Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“. Според него, аеродромот би можел да го ...

Read More »

Албанија: Полиција заплени поголемо количество марихуана и хероин

  Албанската полиција во две одделен акции во последното деноноќие заплени половина тон марихуана и над 11 клограми хероин. Крајна дестинација на дрогата бил италијанскиот нарко пазар. Во денешната акција полицијата од приморски град Валона, заплени 500 клограми марихуна. Дрогата била натоварена на моторен чамец, подготвен за испловување, во близина на Петролифера. Претходно, синоќа полицијата од пристанишниот град Драч заплени 11килограми ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Македонија Заев се сретна со претседателот на Турција Ердоган (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил попладнево се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, придружуван од вице премиерот, Хакан Чавушоглу. На средбата е констатирано дека  двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции како и преку нови иницијативи од страна на ...

Read More »

Вулгарен напад на бугарскиот вицепремиер врз европратеничката која протестираше за Пирин

Валери Симеонов, бугарскиот вицепремиер за економија и демографски политики и претседател на националистичката партија Национален фронт за спасување на Бугарија, со вулгарности се нафрли на германската „зелена“ европратеничка Ска Келер поради нејзиното учество на протестите во Бугарија за спасување на Националниот парк „Пирин“ во Пиринска Македонија, од проширувањето на капацитетите на Банско на заштитената територија. Во писмо потпишано од него и тројца ...

Read More »

Албанија потпиша спогодба со ЕУ за подобро менаџирање на границите со соседите кога се во прашање мигрантите

          Албанија потпиша спогодба со ЕУ за подобро менаџирање на границите со соседите кога се во прашање мигрантите. Спогодбата што ја потпишаа во име на ЕУ комесарот за миграција, Димитрис Аврамопулис, и албанскиот министер за надворешни работи, Фатмир Џафај, предвидува засилување на контролата на границите на Албанија со припадници на Фронтекс, кои се очекува деновиве да ...

Read More »

Грчки новинар целиот свет ја нарекува Македонија и Грција треба да го нарекува Македонија

Целиот свет не само што ја нарекува Македонија Македонија, туку смета дека Грците се луди во нивната истрајност дека таа мора да се нарекува некако поинаку – особено затоа што ние ниеднаш во изминатите триесет години не сме ни објасниле како би требало таа да се нарекува, вели за ЕУ обзервер Тимиос Цалас, грчки новинар што работи во аналитички центар во Лондон ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Македонија се сретна со премиерот на Турција (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, во рамки на официјална посета на Република Турција, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски. На почетокот на средбата премиерот Заев изрази сочувство за жртвите ...

Read More »