Author Archives: Весник Илинден

Менкиноски ќе ја оспори одлуката за забрана за влез во Бугарија, правно ќе го застапува бугарскиот Хелсиншки комитет

Адвокатот Тони Менкиноски најави дека ќе ја оспори одлуката на бугарските власти со која му е изречена забрана за влез во Бугарија до 2036 година. Тој посочува дека во постапката ќе биде правно застапуван од бугарскиот Хелсиншки комитет за човекови права. Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, вели дека одлуката ...

Read More »

„Матица“ ја објави книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски – клучно дело за македонистиката

Објавена е првата авторска книга со студии за македонскиот јазик и философијата, со акцент на македонската терминологија. „Матица македонска“ објави едно од клучните дела со коишто го одбележува својот 35-годишен јубилеј – книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите. Ова дело е резултат на долгогодишното истражување на Митевски, посветено ...

Read More »

Николоски на средби во СБ: Инвестираме во инфраструктурата и транспортот, најавувам нови проекти за развој на општините

Заменик претседателот на Владата на Македонија, Александар Николоски денеска во Вашинготн САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка. На средбата се разговараше за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка за развојни проекти во државата. Вицепремиерот Николоски истакна дека подршката на Светска банка е значајна во делот на инфраструктурата и ...

Read More »

Иранската хакерска група „Татковина правда“ ја хакираше целосната комуникација на албанскиот парламент (ФОТО)

Иранската хакерска група „Татковина правда“ ја хакираше целосната комуникација на албанскиот парламент. „Сите разговори и преписки на корумпираните членови на парламентот во текот на изминатите неколку месеци се во рацете на „Татковина правда“. Ние сме многу поблиску до вас отколку што мислите. Дали навистина ги засолнивте тие убијци на деца? Ќе се погрижиме овој срам да остане со вас засекогаш“, ...

Read More »

Сијарто: ЕУ треба веднаш да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас

Унгарската влада ќе ѝ предложи на Европската Унија веднаш да ја укине забраната за употреба на руска нафта и гас во сите земји од ЕУ со цел да се спречи недостиг на енергија и нагло зголемување на цените поради војната на Блискиот Исток, изјави денес министерот за надворешни работи Петер Сијарто по вонредните состаноци на Советот за одбрана и енергетска ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува  подобрување на положбата на Македонците 

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. “Дозволете ми, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитам изборот на оваа клучна функција и ...

Read More »

Мисајловски: Реконструкција на касарната „Јане Сандански“ во Штип, годинава над 17 проекти во Армијата (ВИДЕО)

Фото: курир.мк Денеска извршивме увид во тековните градежни активности во касарната „Јане Сандански“ во Штип, кои се реализираат со цел подобрување на условите за припадниците на Армијата, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за Владо Мисајловски. Проектот опфаќа сеопфатна реконструкција на објектот, со активности насочени кон подобрување на функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност. Фото: Facebook/Vlado Misajlovski За оваа година ...

Read More »

Божиновска од Солун: Интерконекциите клучни за енергетската безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија, Сања Божиновска учествуваше и се обрати на министерскиот панел на високиот настан „Electricity, Digital and Regional Interconnectivity in South East Europe“, кој се одржа во Солун, Грција, со што официјално беше започнат новиот проект на ОЕЦД за унапредување на електроенергетската поврзаност, дигитализацијата и регионалната соработка во Југоисточна Европа. Настанот собра министри ...

Read More »

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет (ВИДЕО)

Муцунски информираше дека евакуацијата од Израел е успешно реализирана за сите лица кои изразиле подготвеност да ја напуштат државата по копнен пат. Пет лица биле евакуирани со владиниот авион преку Шарм ел-Шеик, додека за шест лица дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив и Каиро асистирале во организацијата на нивното враќање со комерцијални летови. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо ...

Read More »

Г7 свикува итен состанок за нафтата по падот на берзите

Министрите за финансии од водечките индустриски земји ќе се состанат попладнево за да разговараат за економските последици од конфликтот. Земјите од Групата седум водечки индустриски демократии (Г7) денеска ќе одржат итен состанок за растот на цената на нафтата, откако таа надмина 100 долари за барел, а светските берзи забележаа пад поради ескалацијата на војната меѓу САД, Израел и Иран. Министрите ...

Read More »