Author Archives: Весник Илинден

МНР: Нема настрадани македонски државјани во ураганот Ирмa 

Министерството за надворешни работи соопшти дека досега до македонската Амбасада во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани кои живеат на Карибите и брегот на САД кои беа погодени од ураганот Ирма. Од МНР посочуваат дека се во комуникација и со Канцеларијата на странски мисии во Вашингтон и оти до денес немаат добиено информација за пријавени македонски државјани од погодените подрачја. ...

Read More »

Денска почна конститутивна седница на албанскиот Парламент

По два и пол месеци од одржувањето на парламентарните избори денеска ќе се конституира новиот албански Парламент. По верификацијата на мандатите на пратениците ќе биде избран претседател и тројца потпретседатели на Парламентот. Како победничка, спикерското место во и припаѓа на Социјалистичката партија,која за оваа функција го кандидира Грамоз Ручи. Со седницата ќе претседава пратеникот од Социјалистичката партија Бесник Баре, откако ...

Read More »

ОМД: Македонците од целиот свет имаат улога во обликувањето на иднината на Македонија

  Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ѝ се придружува на глобалната македонска заедница во прославувањето на 26-тата година на независноста на Македонија. Овој ден претставува можност за Македонците од целиот свет да се здружат и заедно да прославуваат, додека нивната татковина се движи кон социоекономски просперитет и стабилност. Денес е ден за Македонците ширум светот да ги препознаат предизвиците со кои ...

Read More »

Снимка на Пјонгјанг од воздух на улиците нема ни луѓе ни автомобили (ВИДЕО)

Додека глобалните политички тензии растат и медиумите сето внимание го насочуваат на вестите за тестирањата на оружјата во Северна Кореја, сепак има интерес и за други аспекти во оваа земја, и понатаму обвиена во мистерија. Компанијата Арам пан од Сингапур добила дозвола од севернокорејските власти од воздух да го снимат главниот град на државата – Пјонгјанг. Резултатот е интересна снимка, ...

Read More »

Македонското државно знаме свечено беше кренато во Мелбурн

И годинава во организација на Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија на Плоштадот на Федерацијата во Мелбурн, свечено беше кренато македонското државно знаме во чест на 26 годишнината од независноста на Македонија. По интонирањето на македонската државна химна а по повод Денот на независноста, свечено беше кренато македонското државно знаме.

Read More »

ММДЧП ја осудува македонската предавничка Влада, на Денот на независноста на Македонија

  Осудувањето на постапките на една политичка партија не значи поддршка за другата. Силната поддршка за македонските човекови и национални права не значи вмешаност во граѓанската и внатрешната политика. Исто како што Македонците во странство не треба да се мешаат во локалните прашања во Македонија, политичарите и граѓаните кои живеат во Република Македонија немаат никакво право да преговараат за нашата ...

Read More »

Амбасадата на Република Македонија во Тирана организира прием за 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија

Во Хотел Тирана Интернационал Амбасадата на Република Македонија во Тирана денска организира прием за 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. На дипломатскиот прием, присуствуваа повеќе Амбасадори и членови на дипломатскиот кор. Присутни беа и претставници на македонското национално малцинство во Република Албанија.  

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. Да е вечен да го почитуваме и славиме овој голем ден – стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »