Author Archives: Весник Илинден

Во Хрватска отворено ново училиште во кое ќе се изучува предметот Македонски јазик и култура

Во градот Света Недела кој се наоѓа во непосредна близина на Самобор свечено беше одбележан почетокот на наставата за изборниот предмет Македонски јазик и култура. Иницијативата за отворање на ова училиште  беше граѓанска, а иницијатор е професорката по македонски јазик Ивана Брезовец, која веќе го предава истиот предмет  во Првата гимназија во Загреб и е претседателка на македонското културно друштво ...

Read More »

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Во рамки на конференцијата, премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации. Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ...

Read More »

Мисајловски во Брисел: Здружени во НАТО можеме да го издржиме секој предизвик (ФОТО)

Фото: Министерство за одбрана Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски денеска се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата во седиштето на НАТО во Брисел, на кој присуствуваа министрите за одбрана на сојузничките земји. Мисајловски, како што информира Министерството за одбрана, се осврна на целите, приоритетите и активностите кои се преземени од страна на Владата, Министерството за одбрана ...

Read More »

Нетанјаху: Израел се приклучува на Одборот за мир на Трамп

Израел се приклучи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху за време на посетата на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио, на „X“ објави дека потпишал документ за пристапување на Израел во Одборот, а визуелните снимки од состанокот го покажаа како држи документ со неговиот ...

Read More »

Мицкоски: 63-64 македонски производи ќе се извезуваат во САД

Шеесет и три-шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти – изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и ...

Read More »

Николоски оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД

Фото: Министерство за транспорт  Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава.   На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола – Прилеп, Кичево -Гостивар (Стража) и Тетово -Гостивар.  САД се долгогодишен стратешки партнер ...

Read More »

Меркел би можела да биде кандидат за сојузен претседател во 2027 година

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би можела да биде кандидат за сојузен претседател во 2027 година, објавуваат германските портали. „Раководството на ЦДУ трепери: жешка гласина за нова висока позиција за Меркел“, „Дали ќе стане претседател на државата? ЦДУ трепери поради гласините за Меркел од Зелениот камп“. Ова се насловите на утринските германски портали Bild.de и Focus.de кои одекнаа во германската ...

Read More »

Собранието на Косово ја избра новата, трета Влада на Албин Курти

Собранието на Косово на синоќешната вонредна седница ја избра новата Влада предводена од Албин Курти. За избор на Владата, на чие чело Курти ќе биде по трет пат, гласаа 66 пратеници, против беа 49, а воздржани немаше. Против изборот на Владата на Курти гласаа пратениците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српска листа и Алијансата ...

Read More »

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. Министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на состанокот ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во ...

Read More »

Демократија во Бугарија: Судот во Благоевград ја одби регистрацијата на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор

Окружниот суд во Благоевград го одби Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор Окружниот суд во Благоевград денеска ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација за одбивање на барањето на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор, поднесено на 20 јануари годинава. Судот се повика на уставни и правни аргументи, оценувајќи дел од целите ...

Read More »