Author Archives: Весник Илинден

Македонците во Преспа го одбележаа празникот Голема Богородица по традиција во село Церје

Во селото Церје, Преспа, Македонците од оваа област, според традицијата негувана со векови, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква. Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и ...

Read More »

Тошковски и Поклукар: Одлична соработка на полето на безбедноста (ВИДЕО)

Денеска во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија, предводена од министерот Боштјан Поклукар. На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на одличните пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција, внатрешната контрола и соработката ...

Read More »

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица 

Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го ...

Read More »

Македонија: Во Битола ќе биде откриен споменикот на Александар Турунџев

На 30 август, Битола ќе ја исправи својата историска должност и ќе му подари споменик на Александар Турунџев – комитата чија борба и жртва останаа трајно врежани во колективната меморија. Церемонијата ќе започне со поворка од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, преку Плоштадот Магнолија и Мостот кај Безистенот, сè до местото каде ќе биде откриен споменикот. Настанот, според организаторите, нема да биде ...

Read More »

Честитка по повод Успение на Пресвета Богородица од Македонско друштво “Илинден“-Тирана 

По повод на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско ...

Read More »

Успението на Пресвета Богородица се слави со радост во Штермен од Митрополијата на Елбасан, Шпат и Либражд (ФОТО)

Успението на Пресвета Богородица беше прославено со радост во селото Штeрмен со присуство на митрополитот на Елбасан, Шпат и Либражд, Неговото Блаженство Андони. Стотици верници ја исполнија црквата Света Марија, која се наоѓа на ридот на селото, која беше обновена од самите верници под грижа на локалниот свештеник, отец Петрос. Во близина на оваа црква, верниците поставија и крст кој ...

Read More »

Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд

Министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен, го повика највисокиот американски дипломат во Копенхаген, откако државната телевизија „DR“ објави извештај дека американски државјани спроведувале тајни операции во Гренланд, пишува Би-би-си. Според телевизијата „DR“, целта на операциите била инфилтрација во гренландското општество и промовирање на негово отцепување од Данска и приклучување кон САД. Иако извештајот не открива за кого работеле ...

Read More »

Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ на Меѓународниот славистички конгрес во Париз

Меѓу најзначајните изданија од областа на славистиката, на Меѓународниот славистички конгрес што се одржува на Универзитетот во Сорбона, во Париз, Франција е и колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ – првата национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји, во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац, Австрија. ...

Read More »

Муцунски за „Политико“: Подготвени сме да ги направиме сите неопходни реформи – не само поради ЕУ, туку поради посилно општество

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за влијателниот политички магазин Politico. Говорејќи за процесот на европска интеграција, министерот истакна дека државата во моментов не е подготвена да ги направи уставните измени што ги бара Бугарија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде ...

Read More »

Не очекува спектакл во Хановер: Распродадени карти за мечот РК Алкалоид – Хановер Бургдорф

Во организација на Македонскиот клуб „Илинден“ од Лацен, Хановер, распродадени се сите карти во гостинскиот блок за натпреварот помеѓу РК Алкалоид и Хановер Бургдорф, кој ќе се игра на 31 август во Хановер. Вкупно се продадени 250 карти на македонци од регионот, што говори за огромниот интерес и поддршка од македонската заедница во Хановер. Натпреварот е дел од квалификациите за ...

Read More »