Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани. Според првичните информации, тој се вратил да спасува деца и да им помогне и се изгубил во толпата. Владимир Блажев Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката, и е на кислородна поддршка, но е свесен. Двајцата се познати по хуманитарните акции во кои помагаа на ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонија: Мицкоски ова е најтешкиот ден во мојот живот, нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан до последниот ќе одговара
„Во мојот живот сум имал многу тешки моменти и предизвици, но ова денес е убедливо најтешкиот ден од мојот живот. Ми се кине срцето и немам сила да говорам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен. Јас во својот живот и во својата кариера сум се одлучил да делувам принципиелно, одговорно, чесно и отворено, без разлика на ризиците и ...
Read More »Бегај изразија сочувство за големата трагедија и подготвеност за каква било помош која е потребна
Преседателот на Албанија, Бајрам Бегај изрази сочувство за големата трагедија во Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош. Искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски и до сите граѓани на Македонија изрази и шефот на албанската држава Бајрам Бегај. Моите молитви и молитвите на албанскиот народ се упатени кон повредените, тие брзо да закрепнат ...
Read More »Рама: Сочувство на браќата и сестрите од Македонија за големата трагедија во Кочани
Премиерот на Албанија, Еди Рама изрази сочувство за големата трагедија во Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош. Со длабоко чувство на тага им го пренесувам моето сочувство на браќата и сестрите од Македонија за големата трагедија во Кочани. Кога ја дознав веста останав без зборови и се молам повредените да закрепнат а семејствата на жртвите да најдат ...
Read More »Сочувство за загинатите и молитви за закрепнување на повредените од Македонците во Албанија
Со длабока тага и неизмерна болка и Македонците во Албанија ја примија веста за трагедијата во Кочани, изразувајќи длабоко и искрено сочувство до семејствата на младите животи што прерано згаснаа и се молат за закрепнување на повредените. Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за несреќата во дискотеката во Кочани, Македонија. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите. Нема зборови што ...
Read More »Седум дена жалост во Македонија
Владата прогласи седум дена на жалост поради катастрофата во Кочани, во која загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 100 се повредени, од кои 22 се во критична состојба. Во следните седум дена, нема да одржуваат културни манифестации и настани. Знамињата во сите институции ќе бидат на половина копје, а радиодифузерите ќе мора да ја прилагодат програмата, така што музиката ...
Read More »Митрополитот на Корча, Јоан е избран за нов Архиепископ на Албанската автокефална православна црква
Неговото Високопреосвештенство Јоан Пелуши е новиот поглавар на Автокефалната православна црква на Албанија, што беше соопштено со биење на камбаните на црквата „Воскресение Христово“ во Тирана, по заседавањето на Синодот. Светиот синод го избра новиот архиепископ за Тирана, Драч и цела Албанија, кој ќе го наследи починатиот архиепископ Анастасиј. По објавувањето на името на новиот Архиепископ биеа камбаните во сите ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во дискотеката во Кочани
Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во дискотеката во Кочани, Македонија сочуство до семејствата на загинати од трагичниот пожар и длабоко жалење за несреќа. Македонско друштво “Илинден“-Тирана посакува брзо заздравување на повредените. – стои во соопштението на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана.
Read More »Македонија: МВР официјално потврди 51 лице загинаа во пожарот во Кочани и над 100 се повредени
Искри од пиротехника што се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени. Тошковски рече дека веќе се приведени неколку лица, организатори на концертот и дека се рабори на утврдување на одговорноста и на други лица. За ...
Read More »Македонија: Голема трагедија во Кочани се запали дискотека од пиротехника
Пожарот во дискотеката во Кочани со невидени трагични размери избувнал пред 3 часот по полноќ. Од Обвинителството соопштија дека сите надлежни институции и обвинител се на лице место и се утврдува бројот на жртви и повредени. Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden