Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари во рамки на проектот „Смарт Сити“, со цел да ја зголеми јавната безбедност и безбедноста на патиштата преку вештачка интелигенција и инсталирање на камери на патиштата, радари, камери кои полицајците ќе ги носат на нивното тело и сензори за бучава. Ова го изјави заменик министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, при презентацијата пред ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција предводена од Демократската партија на Сали Бериша
Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша за изборите за албанскиот парламент на 11 мај 2025 година. Преку писмо упатено до главниот државен изборен комесар Илирјан Челибаши, побара бришење на името на Македонска алијанса за европска интеграција од оваа коалиција.
Read More »Ние свесните Македонци тука и од другата страна на границата го имаме истиот македонски национален идентитет
Интервју со Павлос Воскопулос Филипов – борец за човековите права на Македонците во Република Грција Јас лично би сакал да просперираат независната македонска држава и нејзините граѓани. Ние свесните Македонци тука и македонскиот народ во матицата го имаме истиот македонски национален идентитет, го имаме истиот јазик. Единствената разлика е дека имаме статус на граѓани во Грција бидејќи тука живееме, тука ...
Read More »Вицепремиерот и министер за транспрт Александар Николоски оствари средбa со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешката Република
Вицепремиерот и министер за транспрт на Македонија, Александар Николоски денеска во рамки на работната посета на Чешката Република оствари средбa со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешката Република. На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, се разговараше за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу Македонија и Чешката Република. Вицепремиерот Николоски истакна ...
Read More »Николоски: Работиме на зајакнување на соработката со Чешка во економијата и инвестициите
Зајакнување на економската соработка, нови инвестиции и подобро поврзување меѓу Македонија и Чешка е пораката која вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја упати на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, што се одржува во Прага. Тој истакна дека политичките односи меѓу двете држави се на добро ниво, но постојат можности на зголемување на економската ...
Read More »Советот на Европа врши притисок во насока на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците во Бугарија и во Грција
Советот на Европа врши притисок во насока на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците во Бугарија и во Грција Деновиве Комитетот на министрите на Советот на Европа, извршниот орган на организацијата, на ниво на делегати расправаше за спроведувањето на пресудите на ЕСЧП, меѓу нив и за пресудата „Дом на македонската цивилизација“ и другите ...
Read More »Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев, со што започна нејзината официјална посета на Република Азербејџан. Двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок на двете делегации. Ова е прва официјална посета на македонски претседател на Азербејџан.
Read More »Голем напад со дронови на Москва и околината, има загинати (ВИДЕО)
Руското Министерство за одбрана соопшти дека вкупно 337 украински беспилотни летала биле или пресретнати или уништени во Москва и во девет други региони. Во текот на изминатата ноќ, системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 337 украински беспилотни летала, од кои 91 беа во регионот на Москва и 126 во областа Курск, која граничи со Украина, соопшти руското Министерство за ...
Read More »Македонија одбележува 82 година од депортацијата на македонските Евреи
Во ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година градовите Битола, Штип и Скопје биле блокирани, а еврејските населби опколени со бугарска војска и полиција. Во раните утрински часови на 11 март започнало собирањето на Евреите. Еврејско маало – Скопје Од куќа до куќа оделе по неколку вооружени полицајци, агенти и војници и ги собирале Евреите. Во скопски Монопол, во ...
Read More »Европскиот парламент отвора канцеларија за Западен Балкан во Албанија
Европскиот парламент (ЕП) ќе отвори канцеларија во Албанија за дополнително зајакнување на својот ангажман во Западен Балкан, јавија албанските медиуми цитирајќи синоќешно соопштен од таа институција. Според соопштението на ЕП, новата канцеларија на ЕП во Тирана ќе служи како клучна точка за контакт меѓу ЕП и националните парламенти, граѓанското општество и локалните партнери од Западен Балкан, „во контекст на зголемените ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden