Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Поранешниот пратеник Јургис Чирбја, се појави во Специјалниот суд, под строги безбедносни мерки
Поранешниот пратеник Јургис Чирбја, се појави во Специјалниот суд, под строги безбедносни мерки. Првично се очекуваше тој да биде запознаен со безбедносната мерка „притвор во затвор“, но потоа адвокатите побараа време да се запознаат со досието. Чирбја е осомничен дека бил корисник на апликацијата SKY и дека соработувал со членови на криминална група во Драч. Ахмет Маша е вториот човек ...
Read More »Русија е домаќин на дводневниот самит на БРИКС во Казан
Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан. Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Средбата ќе продолжи до четврток. Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си ...
Read More »Српските партии бараат српскиот јазик да биде официјален во Црна Гора
По објавувањето на резултатите од пописот на населението, просрпските партии го обновија своето барање српскиот јазик да биде официјален во Црна Гора. Резултатите од пописот во Црна Гора покажаа дека српскиот е мајчин јазик за 43 отсто од населението, а црногорскиот за нешто повеќе од 34 отсто. Истиот ден кога беа објавени резултатите на 15 октомври, просрпските партии го повторија ...
Read More »Албанија може да стане членка на ЕУ до крајот на мандатот на актуелната Европската комисија
Албанија на 15 октомври го отвори првиот кластер за преговори за членство во ЕУ, кој ги опфаќа прашањата за правосудството и основните права, правдата, слободата и безбедноста, јавните набавки, статистиката и финансискиот надзор. Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Албанија има целосна поддршка од ЕУ за забрзување на реформскиот процес, со цел до крајот на мандатот на тековната ...
Read More »Претседателот на Партијата на слободата Илир Мета е уапсен
Претседателот на Партијата на слободата Илир Мета е уапсен, потврдуваат извори од СПАК. Лир Мета беше претседател на Република Албанија од 24 јули 2017 до 24 јули 202 година. Претходно беше премиер од 1999 до 2002 година. Тој беше претседател на Парламентот на Албанија од 2013 до 2017 година. , министер за Европа и надворешни работи и министер за економија, ...
Read More »Аеродромот во Тирана со рекорден број патници, до година во функција и аеродромот во Валона
Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку информираше дека на аеродромот во Тирана регистрирана е рекордна бројка патници и најави дека до година во функција ќе биде и новиот аеродром во Валона. На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ за девет месеци регистрирани се 8,25 милиони патници или 53,7 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Туристичките текови ги ...
Read More »Почина Фетулах Ѓулен, водачот на движењето ФЕТО и противник на Ердоган
Турскиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, за кој Анкара тврди дека го организирал неуспешниот пуч во 2016 година, почина во САД на 83-годишна возраст, објавија денеска турските медиуми. Фетулах Ѓулен изгради моќно исламско движење внатре и надвор од Турција, но ги помина последните години обвинет за организирање на обидот за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, обвиненија кои тој ...
Read More »Убиениот водач на Хамас Јахја Синвар со семејството во тунелите под Газа (ВИДЕО)
Полковникот Надав Шошани, меѓународен портпарол на израелските одбранбени сили (ИД), објави декласифицирана видео снимка на која наводно се гледа што правел неодамна убиениот лидер на Хамас Јахја Синвар еден ден пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Шошани тврди дека видеото, кое се чини дека е снимено од безбедносните камери во еден од тунелите на Хамас, ...
Read More »Македонците во Бугарија соочени со забрана за одбележување на годишнината од Кресненското востание
Македонците во Бугарија се соочуваат со забрана за одбележување на годишнината од Кресненското востание. Македонскиот клуб за етничка толеранција известува дека, како и во минатите години, поднеле известување до Општина Кресна за полагање цвеќе пред споменикот на Димитар Поп Георгиев Беровски, но добиле одговор дека на 20 октомври, датумот на настанот, општината има планирано други активности. Кресненското востание, кое започнало ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden