Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ на прес-конференцијата во Тиват рече дека на лидерската средба на процесот Брдо-Бриони е усвоена заедничка Декларација. Сепак, тој додадава дека влезот во ЕУ не е само потреба и декларирана цел, туку геополитички и морален императив за Западен Балкан. Самитот беше уште една можност да ја повториме единствената порака, заедничка за сите нас, дека нашиот ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Албанската опозиција протестираше во Тирана, бара владата да ја замени технократски преоден кабинет
Конзервативната опозиција ја обвинува левичарската влада дека манипулира со предвремените избори и ја узурпира власта, вклучувајќи го правосудството. Демократската партија на поранешниот премиер Сали Бериша во последната недела одржува протести и во парламентот откако нивниот колега Ервин Салијањи беше осуден за клевета, а партијата на бериша кажа дека случајот е политички мотивиран. Салијаеи во 2018 побара оставка на тогашниот министер ...
Read More »Ѓурѓај: Резолуцијата усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции
Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности, ФУЕН а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските. Ова за МИА го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции. Со Резолуција, од име ...
Read More »Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му предаде благодарница “Илинден” на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров
Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во името на Македонската заедница во Албанија му предаде благодарница “Илинден” на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров за живот и дело. Ми беше огромна чест во името на Македонското друштво “Илинден” во Тирана да му предадам благодарница “Илинден” на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров за живот и дело и ...
Read More »Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во Тиват, Црна Гора каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. На средбата беше изразено задоволство од тековниот политички дијалог меѓу двете земји, како и од билатералната вклученост во различни регионални и мултилатерални иницијативи што помага во постигнувањето на заедничката ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Ѓурѓај оствари средба со потпретседател на Собранието на Македонија, Милошоски
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Собрание на Република Македонија оствари работна средба со потпретседател на Собранието, г-дин Антонио Милошоски. На работната средба го информирав г-дин Антонио Милошоски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Македонците во Република Албанија, секако беше информиран и за ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари работна средба со директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) оствари работна средба со, директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари работна средба со Директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар-Трајкова
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Државниот архив на Република Македонија оствари работна средба со Директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар-Трајкова. На средбата беше разговарано за намерите за потпишување Меморандум меѓу Државниот архив и Македонско друштво ”Илинден”-Тирана кој би опфатил повеќе проекти кои ќе се реализираат во иднина. Двајцата соговорници заклучија дека е потребно да се формира архивски фонд како ...
Read More »Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан
Претседателот на Влaдата, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи директорот на Светска банка за Македонија, денеска го означија почетокот на модернизација на граничниот премин Деве Баир. Инвестицијата е 1, 6 милиони евра, а реконструкцијата се реализира во сорабтока меѓу Министерството за транспорт и Царинската управа. Во продолжение интегралното обраќање на ...
Read More »ММДЧП и МАЕИ остварија средба во Министерството за Надворешни Работи на Канада, каде побараа осуда на анти-македонските постапки на Бугарија
На 2 октовмри, претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и Васил Стерјовски, македонски активист за заштита на човековите права од Албанија и претседател на Македонската Алијанса за Европска Интеграција, се сретнаа со Џули Клотие, заменик директорка на европски и евро-азиски прашања на Министерството за Надворешни Работи на Канада. Стерјовски воедно е првиот Македонец избран за ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden