Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека 2 Август – Илинден е најсилниот доказ за вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност и државност, истакнувајќи дека тој историски пат започнал во 19 век, а својата кулминација ја достигнал со независноста на Македонија во 1991 година. Во изјава од Крушево по повод одбележувањето на националниот празник, Николоски нагласи ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Делегација на МАЕИ се поклони пред споменикот на борците во Туминец
По повод големиот македонски национален празник Илинден, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, положи свежо цвеќе на споменикот на борците во селото Туминец, Општина Пустец. Споменикот е подигнат во чест на борците од Туминец кои се приклучија на македонските партизански одреди и учествуваа во борбата за ослободување на Македонија од фашизмот и нацизмот ...
Read More »Македонија: Во Прилеп одбележан 2 Август- Денот на Републиката
Со полагање на цвеќиња на спомен обележјата на Методоја Андонов Ченто ,на Пере Тошев, Ѓорче Петров, на Кузман Јосифовски Питу, на Могилата на непобедените, денеска во Прилеп беше одбележан 2 Август, Илинден, Денот на Републиката. Бројни делегации, градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, со длабока почит им оддадоа признание на македонските херои кои со својата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината ...
Read More »Илинден – вистински уникатен и неповторлив
Илинденското востание, кое се слави со посебна величественост, чест и комеморација, секогаш на 2 август, во спомен на 2 август 1903 година, кога народот од Крушевско и околните области херојски се кренаа против суровиот отомански јарем, е навистина единствен случај во ваквите ослободителни движења, не само на нестабилниот и воинствен Балкански полуостров. Ова се вели со полна убеденост, меѓу другото, ...
Read More »Мисајловски: Илинден е симбол на слободата, државноста и вечната идеја за независна Македонија
Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најголемиот празник и еден од најзначајните симболи на македонската државност. Во честитката, Мисајловски нагласува дека Илинден ги претставува идеалите на слободата, самобитноста, патриотизмот и љубовта кон татковината, оценувајќи дека ...
Read More »Илинденско послание на Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан
† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија[1]. Возљубени празникољупци, Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – ...
Read More »МАЕИ со честитка по повод Илинден: Да го чуваме македонскиот идентитет и да останеме обединети!
Стерјовски: Илинден е вечен симбол на слободата, достоинството и националниот опстанок, а за Македонците во Албанија претставува инспирација за продолжување на борбата за национални права. По повод националниот празник 2 Август – Илинден, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка до Македонците, во која се нагласува дека Илинден е најсветлиот ден во македонската историја и траен симбол на вековната ...
Read More »Почина Исмаил Бојда, борец за македонскиот идентитет и единство, почесен претседател на Сојузот на Македонците муслимани
По подолго боледување, денес во Скопје, на клиниката за кардиологија, на 72 години почина Исмаил Бојда, примерен сопруг, татко, дедо, прадедо, Македонец, голем патриот, другар и пријател, кој целиот свој живот го посвети во одбрана на правата на Македонците со исламска вероисповед во Македонија, Албанија, Косово и Турција, насекаде каде ги има во светот. Неговите дела ќе останат за пример ...
Read More »Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Шпанија во последните денови
Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови, покажува првичната проценка на безбедносните сили, а најголем број преминувања е забележан вчера. Оваа бројка значително ја надминува претходната миграциска криза во овој шпански автономен град од мај 2021 година, кога околу 10.000 луѓе успеале да ја преминат границата и да влезат во Сеута, пишува шпанскиот „Паис“. Најмалку 18 лица ...
Read More »Рама: Стратешката цел стана реалност, вооружените сили се опремени со воена опрема произведена во Албанија
Премиерот Еди Рама денеска на испораката на првите 40 тактички возила за албанската армија произведени во земјата, изјави дека една од стратешките цели на Албанија во областа на одбраната сега стана реалност, бидејќи првата флота возила произведени дома според стандардите на НАТО е ставена на располагање на вооружените сили. Според него испорака на возилата, произведени во Албанија, од страна на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden