Почитуван господине Сојузен канцелар Шолц, Во врска со понатамошниот тек на преговорите за членство на Република Македонија[1] во ЕУ би сакале да Ве информираме за актуелната состојба и притоа да го изнесеме нашето гледиште. Не радува што неодамна во Берлин го пречекавте премиерот Ковачевски и недвосмислено му ja потврдивте Вашатаподдршка за Македонија на патот кон Европската унија. [1] Со Преспанскиот договор Република ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Преподобна Параскева слава и пофалба на градот Дебар
Која земна уста и небесен ум не би пристапиле да ја восфалат славната невеста Христова, Преподобна наша мајка Параскева, чие нетлено тело и денес сведочи за нејзиниот големиот подвиг на крајно трпение во неволјите и девствена чистота, што смирено Му ги принесе на својот Младоженец!? Оти таа, како небесна птица задоена со слободата на духот, оставајќи сѐ овоземно, минливо и ...
Read More »Мојсова-Чепишевска во Вроцлав: Преку современата македонска книжевност и нашето Скопје се прилконува на плејадата современи книжевни метрополи
На плејадата современи книжевни метрополи, со творештвото посветено на него од македонските писатели и тоа и она што зборува со носталгичен тон, и она што се претвора во бунт, се приклонува и нашето Скопје. Тој книжевен град, истовремено, колку што станува наш, денес, толку станува и туѓ, светски, нечиј и сечиј Град. Така и оној постземјотресен град колку што ни донесе болки и таги, но и ...
Read More »Во Македонија, Бреинстер поставува нови трендови со иновативните образовни програми за ИТ-индустријата
За само осум години од основањето, едукативно-технолошката организација Бреинстер (Brainster) од стартап успеа да влезе во друштвото на најдобрите 0,7% компании во Македонија. Со раст од речиси 100% во последните две години, Бреинстер цврсто се позиционира како лидер на македонскиот пазар, кога се во прашање образовните организации. Основачот Петар Ниновски, по повод осмиот роденден на Бреинстер, открива како организацијата ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција побара од ИНСТАТ и Мала Преспа да биде опфатена со продолжениот рок за попис
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, денеска достави барање до Институтот за статистика, ИНСТАТ, пописот на населението да се продолжи и за подрачјето на Мала Преспа. Доставивме барање до ИНСТАТ од причина што добар дел од жителите се сезонски работници во Македонија и Грција, поради што, сè уште не се контактирани од попишувачите. Се надеваме ...
Read More »Браинстер Албанија со стипендии ќе ги поддржи талентираните студенти да стигнат до посакуваната кариера во ИТ-индустријата
Стипендии од Браинстер Албанија за сите коишто сакаат да започнат кариера во ИТ-секторот. Со цел да ги поддржи талентираните студенти од Албанија да добијат квалитетно образование за вработување во ИТ-индустријата, едукативно-технолошка организација Браинстер Албанија нуди можност за стипендии. Преку овие стипендии, Браинстер Албанија овозможува два вида финансиска поддршка за запишување на Академијата за Front-End програмирање. Првата е целосна (со 100% ...
Read More »Николоски: Во Стразбур има најмалку 17 нови тужби од Македонците против Бугарија
Во Советот на Европа има огромно разбирање за Македонија. Бугарија во моментов е во пост мониторинг, можеби ќе биде и вратена во мониторинг поради кршење на основните човекови права на етничките Македонци како што беше кажано од страна на известителот за Бугарија, се работи за докажана пратеничка од Исланд која го прави извештајот за Бугарија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар ...
Read More »Германија со остри мерки против одбиените азиланти- побргу ќе ги протерува
Германската Влада има намера да го интензивира протерувањето на луѓето кои немаат право да останат во Германија, е соопштено по владиниот состанок во Берлин. „Ќе се погрижиме луѓето кои немаат право да останат во Германија побрзо да ја напуштат нашата земја“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер. Таа рече дека протерувањето на оние кои немаат право на престој во ...
Read More »Македонија го зголемува бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во Косово
Македонија го зголемува бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ на Косово. Дополнителен вод од 35 припадници на македонската армија ќе биде испратен на Косово. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, ...
Read More »Во недела се враќа зимското сметање на времето
Во недела на 29 октомври се враќа зимското сметање на времето. Тој ден ќе ги поместиме стрелките од 3 на 2 часот по полноќ и со тоа ќе добиеме дополнителен час за спиење. Компјутерите, мобилните телефони и другите современи уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето. Ако сè уште имате аналоген приказ ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden