Стогодишнината од раѓањето на македонскиот класик Ацо Шопов се чествуваше и на филозофските факултети при државните универзитети во Загреб и во Љубљана, со учество на студенти од двата универзитета и на просветни работници, како и воопшто на проучувачи и почитувачи на македонската книжевност и култура од Хрватска и од Словенија. Настанот се одржа хибридно, во организација на Одделот за јужнословенски ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонско друштво „Илинден“-Тирана: УКИМ да не ги поткопува изучувањето на македонскиот јазик и развојот на македонистиката на Универзитетот во Тирана
Од формирањето на нашето Друштво во 2009 година, ние, Македонците од Албанија водиме борба за статусот на македонскиот јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. По 14 години залагања и барања, оваа година, за првпат во историјата се доби работно место за лектор по македонски јазик на Универзитетот во Тирана и прашањето за македонистиката во Албанија стана ...
Read More »Успешната реставрација на иконите на познатиот Македонски зограф Дичо Зограф се чуват во Национален историски музеј во Тиранa (ФОТО)
Завршена е реставрацијата на три икони од авторот Дичо Зограф: „Свети Атанас“ (1855), „Свети Харалампиј“ (1855) и „Свети Никола “ (1859), коишто се дел од иконостасот во црквата Св. Никола во околината на Елбасан и кои од 1999 година се во фондот на Националниот историски музеј, благодарение на посветената работа на реставраторите на Лабораторијата на Националниот институт за културно наследство ...
Read More »Индија наскоро ќе стане трета економска сила во светот
Индија до крајот на деценијата ќе ја престигне Германија по својата економска сила, предвидува агенцијата S&P Global Ratings. Во најновиот извештај на оваа агенција се наведува дека Индија до 2030 година ќе стане третата според обемот светска економија. Индија во моментов е петта економска сила зад САД, Кина, Германија и Јапонија. Сепак, S&P, кој ја зголеми својата прогноза дури и ...
Read More »Братството на Свештената Бигорска Обител: Само петмина ли се виновни?
о деновите што одминаа, нашето општество се помрачи, за жал, и со тешката вест за еден грозоморен духовен мрак. Сите ние разбравме за свирепото убиството на еден повозрасен честит човек и на едно невино јагне Божјо, 14-годишо немоќно девојче. И кој нормален човек би можел да остане рамнодушен на една таква вест, да не се вознемири и згрози од едно ...
Read More »Во посета на Бигорски манастир верници од Тирана, предводени од отец Илија Мазнику
Во овој празничен ден, кога православната Црква со љубов го чествува споменот на Светецот на љубовта, Преподобниот Порфириј Нов Кавсокаливит, во духот на заедничарењето во љубовта Христова, Бигорската Свештена Обител беше почестена со посетата на триесетина млади православни богољубиви души од Тирана, Албанија. Овие благочестиви поклоници, жедни за преслатката наука Христова, пристапиле кон ова поклонение со огромна желба да се ...
Read More »Николоски до кандидатите за Комесар за човекови права во Европа: Почитување на човековите права на Македонците во Бугарија и Грција е услов за мојата поддршка (ВИДЕО)
Овие два дена во Париз се одржува Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Најбитната точка која што се разгледува е изборот за Комесар за човекови права. Можеби една од најзначајните институции во Европа имајќи предвид дека директно се занимава со човековите и малцински права кои што се под опасност во многу земји ...
Read More »Македонско друштво „Илинден“: УКИМ да не ги премолчува фактите за Лекторатот по македонски јазик во Тирана
Избирањето лектор со кој ќе почне да работи Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана е важно и за нас, Македонците во Албанија. Затоа и ние, македонското друштво „Илинден“ од Тирана, во е-изданието на нашиот весник ја споделивме веста што УКИМ ја објави преку „Фејсбук“, но мораме да реагираме затоа што УКИМ преку таа објава, ...
Read More »Репортажа на РТШ-КУКС за Македонците во Областа Гора (ВИДЕО)
https://www.facebook.com/rtshkukesi/videos/335713012433653
Read More »Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна
Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на седницата која се одржува на 30 ноември и 1 декември во Париз, го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна. Ова му е втор мандат на оваа позиција. Инаку, мандатот трае една година. Притоа, Николоски пред Комисијата презентираше информативна белешка ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden