Author Archives: Весник Илинден

Почина Стојан Николов Георгиев, борец за човековите права, почесен претседател на ОМО „Илинден“-Пирин

На 5 јули вечерта си замина големиот наш пријател, соборец, Македонец и страдалник Стојан Георгиев, објавија од ОМО „Илинден“-Пирин. Роден во 1938 година во Петрич, Пиринска Македонија, а на 18 години, со незавршено средно образование создава македонска група. Откриен и инквизиран 18 дена во келиите на државна безбедност, сепак е ослободен за да го заврши своето образование. Во 1957 година ...

Read More »

ММДЧП и Каракамишева почнаа процес пред Европскиот суд за човекови права за преименувањето

Македонското меѓународно движење за човекови права започна уште еден процес пред Европскиот Суд за Човекови Права, овојпат во соработка со Тања Каракамишева – Јовановска, редовен професор по македонско уставно право. Врз Македонците беа извршени сериозни прекршувања на човековите права во пресрет и како резултат на принудната промена на името која илегално ни беше наметната од режимот во Македонија со “Преспанскиот ...

Read More »

Kултурно-историското богатство на Македонија на изложба во Охрид

Фотографии од голем формат од најзначајните културно-историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на Македонија од 5 до 7 јули ќе бидат изложени во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид. Основната цел на проектот  е подобро запознавање и подигнување на јавната свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно-историските споменици, религиозните објекти ...

Read More »

4 јули 1776, усвоена е Декларацијата за независност на САД

На денешен ден, 4 јули 1776 година, на континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави. Декларацијата за независност на САД е државотворен документ на САД со која се прогласило дека тринаесетте американски колонии кои во тоа време биле во војна со Велика Британија повеќе не се дел од Британската Империја. Декларацијата требало да биде ...

Read More »

Македонија: Сашко Кедев го освои врвот Нанга Парбат во Пакистан

Алпинистот и кардиолог, Сашко Кедев утрово заедно со уште деветмина планинари го освои врвот Нанга Парбат висок 8.125 метри, на планинскиот масив Каракорум во Пакистан, јавува „Nepal News“ Станува збор за деветтиот највисок врв во светот. Кардиологот Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и Еверест, во 2009 година.

Read More »

Бил Клинтон пристигна во Тирана

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска пристигна во Тирана, со што официјално ја започна својата прва дводневна посета на Албанија. Тој нешто по 15 часот слета со авион во главниот град на Албанија, каде што доаѓа на покана на албанскиот премиер Еди Рама, а по повод Денот на независноста на САД, кој се слави на 4 јули. По изведувањето на ...

Read More »

Православните верници го слават празникот на Свети Наум Охридски – Чудотворец

Свети Наум Охридски Чудотворец (830 – 23 декември 910) – средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на сесловенската и македонската писменост и просвета. Свети Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите солунски браќа Македонците Кирил и Методиј. Со нив, тој ...

Read More »

Eвропската Комисија покренува инвестициски пакет од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан

Европската комисија денеска го промовираше новиот финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката на приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра. Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија, тоа е петти инвестициски пакет во рамки на Економскиот и ...

Read More »

Шпанија од денеска го презема претседавањето со Европската Унија

Шпанија денеска од Шведска го презема ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ, соопшти Европската унија. Договорот од Лисабон (2007) утврди дека на секои 6 месеци претседавањето со Советот ротира меѓу земјите-членки на ЕУ. Со шпанското претседателство започнува новата претседателска тројка, вклучувајќи ја Белгија која ќе претседава во првата половина и Унгарија во втората половина на следната година. Триото дефинира долгорочни ...

Read More »