Македонското друштво “Илинден”-Тирана издаде фото албум на кој се претставени народни носии на Македонците во Албанија. Автор на албумот е првиот човек на друштвото Никола Ѓурѓај, тоа е реализирано со поддршка на албанскиот владин комитет за национални малцинства. За мене, друштвото и за сите Македонци ова е многу значајно нешто, со кое трајно останува вистината за нашата традиционална македонска носија ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Спречивме македонското малцинство да биде преименувано како северномакедонско во Брисел, велат од ОМО “Илинден“- Пирин
Во одговор на писмо упатено на 21 јули 2021 година од Европската слободна алијанса (ЕФА) до Европската комисија, за положбата и правата на македонското малцинство во Бугарија, на 3 ноември 2021 година беше добиен одговор во кој македонското малцинство во Бугарија беше преименувано во „северомакедонско“ малцинство и прашањето неосновано беше поставено во врска со договорот за добрососедство на Бугарија со ...
Read More »Поглаварот на Македонската Православна Црква – ОА г.г. Стефан повикува на сенароден протест против законите за матична евиденција и за родова еднаквост (ВИДЕО)
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видеообраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што в четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква ...
Read More »Силен земјотрес со епицентар во Чаршов, Пермет
Земјотрес со јачина од 4,18 степени според Рихтеровата скала е почувствуван околу пладне во Албанија со епицентар во Чаршов, Пермет. Земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри
Read More »Маринко Цулафиќ: Во спомен на Рајко (Втор дел)
Прелистувајќи го семејниот албум, ја забележав оваа фотографија од 1968 година во Елбасан. Господинот со јака десно од дедо ми Милован Цулафиќ (татко) е Рајко Симоновиќ, еден од најдобрите ревизори што ги имал Елбасан во тоа време. Тој беше добар пријател на нашето семејство, едноставен семеен човек и добар експерт. Но, неговиот живот радикално се промени кога почна да го критикува ...
Read More »Жалба на Централниот Совет на Македонците до германскиот Бундестаг за употребата на термините “северномакедонски” и “Северномакедонец”
Совет на Македонците во Германија, cо голем интерес ги следевме дебатите на 15-ти јуни 2023 година во Бундестагот и сакаме да ја изразиме нашата благодарност за активната поддршка на Владата на Сојузна Република Германија за нејзината силна поддршка кон македонскиот народ на неговиот пат кон Европската Унија. Идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ се од големо значење и сакаме ...
Read More »Ден на Националниот парк Шебеник – Јабланица
Денска во близина на езерото во село Студено, Стеблево областа Голо Брдо се одржи ден на Националниот парк Шебеник – Јабланица, кој исто така е 15-ти роденден на овој прекрасен национален парк. Заедно да уживаме во оваа празнична атмосфера со традиционални ора, традиционални јадења од прекрасната област, имаше и посета во инфо центарот на паркот.
Read More »Македонката Славица Ангелова е победник во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)
Поради корупција уапсен поранешниот градоначалник на Кукс, Сафет Ѓици
Поранешниот градоначалник на северниот албански град Кукс, Сафет Ѓици, доцна попладнево е уапсен по налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК. Според медиумите полицијата му ставила лисици на рацете на Ѓици додека бил во кафеана под неговиот стан, со што дематирани се информациите во дел од медиумите дека избегал во Дубаи по објавеното видео каде тој е ...
Read More »Во Бигорски манастир традиционално одбележан празникот на иконата „Достојно ест“
Свештената бигорска обител традиционално и годинава го одбележува празникот на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“, за што во манастирот се пристигнати верници од повеќе делови на државава. Вечерва во 22 часот ќе започне сеноќното бдение, а благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја. Иконата во овој Бигорскиот ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden