Author Archives: Весник Илинден

Силен земјотрес од 5,2 степени по Рихтер близу Тирана

Силен земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 29 километри северо-источно од Тирана. Земјотресот бил на длабочина од 1 километар. Тресењето силно се почувствувало во повеќе градови во Албанија како и во главниот град, додека во моментов нема пријавено материјална штета.

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со остра реакција на плакат на ЦИК: Ние сме македонско национално малцинство

Македонското друштво Илинден“-Тирана остро реагира во врска со објавениот плакат на Централната изборна комисија (ЦИК) на кој македонското малцинство е наведено како ” национално малцинство на Северна Македонија”. Најостро реагираме зашто она што пишува Централната изборна комисија е навреда на достоинството и националниот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Како може на плакатот, во рамки на програмата за ...

Read More »

Македонија денеска го упати првиот дел од помошта за Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа

Ученички ранци, училишен прибор за повеќе од 130 ученици и печки на дрва, се донација на Министерството за образование и наука, соодветно на потребите на училиштата каде настава посетуваат припадници на Македонското национално малцинство „Посебно сум задоволен што денес успеавме да реализираме прв дел од помошта за Македонците од Албанија, за која лично се заложив при мојата посета на Требиште ...

Read More »

Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер близу Тирана

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 23 километри североисточно од Тирана, на длабочина од шест километри.

Read More »

Македонците во Албанија ја одбележаа Стара нова година и Св.Василиј – Василица

Македонците во Република Албанија го прославија Стара нова година и Св.Василиј – Василица, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција. Во секое македонско семејство ширум Албанија, во областа Голо Брдо, Мала Преспа, Врбник, Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец  домаќинките подготуваат пита или како што ...

Read More »

Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Стара нова година 2023 и Свети Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Фатри Фатаху.

Read More »

Телефонски разговор на поглаварите на МПЦ-ОА и РПЦ

Лична честитка од патријархот Кирил за признавањето на канонската автокефалност на МПЦ-ОА. Патријархот телефонски разговарал  со архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан и  побарал од него да се моли за Руската православна црква во сегашните тешки времиња.  Како што соопшти прес службата на РПЦ, рускиот патријарх упатил благодарност до поглаварот г.г Стефан за гостопримството на руската црковна делегација и сослужувањето ...

Read More »

Албанија ќе отвори амбасада во Украина по повод 30-годишнината од дипломатските односи

По повод 30-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи со Украина, Албанија ќе отвори своја амбасада во оваа земја. По повод оваа 30-годишнина, со задоволство можам да објавам дека Албанија ќе го зголеми нивото на присутност во Киев со отворање на својата амбасада во Украина. Со задоволство го очекувам продолжувањето на соработката со мојот пријател и колега Дмитро Кулеба за уште повеќе ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Огранок Голо Брдо бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина девет години од териториалната поделба и нема просперитет за Голо Брдо и Гора

После девет години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац ...

Read More »

Османи денеска во Виена ја презентираше Програмата на претседавањето на Македонија со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Виена ја презентираше Програмата на претседавањето на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Министерот Османи, во своето обраќање зборуваше за предизвиците и плановите на претседавањето на Македонија со ОБСЕ. Целото обраќање на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи е во продолжение: „ Ваши екселенции, дами и ...

Read More »