Author Archives: Весник Илинден

Честитка по повод Божик упати Македонско друштво “Илинден“-Тирана до поглаварот на МПЦ-ОА и до сите верници 

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан  и до сите верници.        Дозволете ми во мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни ...

Read More »

Божикно послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, „Денес вселената со радост се исполнува, зашто Христос се роди од Дева“1. Возљубени чеда во Господа, Божик, празникот на Христовото рождество, е ден на небоземна ...

Read More »

Православните христијани го слават Бадник

Православните христијански верници го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. ...

Read More »

Минатата година зголемен извозот од Албанија во Македонија

Во периодот јануари-ноември минатата година албанскиот извоз во Македонија е поголем за 4,5 милијарди лека, споредено со истиот период претходната година, јави албанската државна агенција, АТА. Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешната трговија, во периодот јануари-ноември во Македонија се извезени стоки во вредност од околу 16 милијарди лека. Во текот на извештајниот период увозот од Македонија ...

Read More »

Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил повика на примирје во Украина за Бадник и Божик

Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил, ги повика двете завојувани страни во војната во Украина да прогласат примирје за Бадник и Божик во Украина и во Донбас. „Јас, патријархот московски и серуски Кирил, апелирам до сите страни вклучени во меѓусебниот конфликт за прекин на огнот и воспоставување божикно примирје од 12 часот по московско време на 6 јануари до ...

Read More »

Божикна каланда третата верзија на „Вечниот Бог“ (ВИДЕО)

Граѓанското здружение „Бадникови поворки“, кое години наназад макотрпно се труди за разубавување на празничната атмосфера за празникот на светлото Рождество Христово – Божик и за негово достоинствено прославување во духот на православната традиција, и оваа година на македонската јавност ѝ подари уште еден прекрасен спот со најпознатата. Со најголема љубов и доверба, Ви го подаруваме спотот за третата верзија на ...

Read More »

Денеска е Св. Наум Охридски: Исцелител и просветител на македонскиот народ

Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што ...

Read More »

Македонија на чело на најголемата светска регионална безбедносна организација – ОБСЕ

Од 1 јануари 2023 година, Македонија официјално го започнува претседавањето со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација  која опфаќа 57 држави учеснички од Америка, Европа и Азија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе претседава со оваа важна мултилатерална организација која работи на сеопфатни аспекти на безбедноста поврзани со политичко-воената, економско-еколошката и хуманата димензија. Преку својот уникатен пристап ОБСЕ ...

Read More »

Во вселената лансирани сателитите „Албанија1″ и „Албанија2″ (ВИДЕО)

Од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, во вселената лансирана е ракетата Фалкон 9 со сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″. Двата сателита Албанија ќе ја набљудуваат на дистанца од 150 километри. „Еве и ова, ветено реализирано. Ракетата Фалкон 9, заедничката мисија SpaceX Transporter 6 која ги носи Албанија 1 и Албанија 2 во вселената, штотуку беше лансирана во Кејп Карнавал, ...

Read More »

“Нова Македонија“ најголемиот весник во Македонија интервју со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана

Никола Ѓурѓај: Проблеми има, но работиме на нивно решавање Интервју со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Албанија Никола Ѓурѓај, претседателот на македонското друштво “Илинден“ од Тирана, е еден од најангажираните Македонци кај нашиот западен сосед. Иако постојат повеќе друштва на Македонците во Албанија, според многумина наши соговорници, токму друштвото “Илинден“ е најактивно. Покрај тоа што е претседател на ...

Read More »