Author Archives: Весник Илинден

Муцунски: Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија за образовни историски прашања со Бугарија. Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата ...

Read More »

Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции – тригодишен план за модернизација на 14 јавни згради

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции. Овој стратешки документ ...

Read More »

Во Битола одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Со полагање свежо цвеќе и пригодна церемонија денеска во Битола беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада. Пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политички партии и гости. Комеморацијата беше организирана од Сојузот на здруженијата на Македонците ...

Read More »

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана ќе учестува на 28 – ми семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН

  Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана ќе учестува на 28 – ми семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН  ќе се одржи од 20 до 23 ноември 2025 година во Горица, Италија. Настанот е организиран од ФУЕН во соработка со локалните организации на словенечките малцинства „Свет Словенских Организација“ (SSO), „Словенска културно-господарска ѕвезда“ (SKGZ) и „Словенска Скупност“ (SSk), собирајќи претставници на ...

Read More »

151 година од раѓањето на великанот Крсте Петков Мисирков

На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, го поздравува отворањето на сите поглавја од преговорите за членство на Република Албанија во Европската Унија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, го поздравува отворањето на сите поглавја од преговорите за членство на Република Албанија во Европската Унија. Овој значаен чекор означува нова фаза и ја доближува кон стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја охрабрува Владата да продолжи посветено со исполнување на сите потребни реформи, вклучително и оние кои се однесуваат на гарантирањето на ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција го поздравува отворањето на сите поглавја од преговорите за членство на Албанија во ЕУ

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената политичка партија што ја претставува македонската заедница во Албанија, го поздравува отворањето на сите поглавја од преговорите за членство на Албанија во Европската Унија. Овој значаен чекор означува влез на земјата во нова фаза и ја доближува кон стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. МАЕИ ја охрабрува Владата на Албанија да продолжи ...

Read More »

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова: Ние да им се посветиме на реформите, а ЕУ да покаже јасна стратегија за македонското членство

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на којашто се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година. Укажувајќи на неиздржаноста на забелешките за немањето политичка волја во ...

Read More »

Кос: Посветени сме на вклучување на Албанија во Европската Унија

Фото: European Union Албанија е најдобриот пример за трансформативната моќ на проширувањето и покажува дека кога испорачувате и напредувате. Таа е инспирација за многумина на Западниот Балкан и за многу граѓани кои би сакале да ја видат истата решителност и промени во нивните земји, додаде Кос. Денешниот ден не е посебен само за Албанија, туку и за Европската Унија, бидејќи ...

Read More »

Советот на ЕУ ги усвои новите правила за суспендирање на безвизен режим

ЕУ денес конечно ги ратификуваше промените во Правилникот за механизмот за одложување на безвизниот режим за граѓаните на трети држави кои не бараат виза за патување во Шенген зоната. Ова ќе и овозможи на Унијата побрз и поодлучен одговор во ситуации на злоупотреба на овој режим или ако истиот ги загрозува нејзините интереси. Според изменетите прописи, ЕУ има право да ...

Read More »