Пријдете, луѓе, гледајќи го преславното чудо, на силата од Крстот да се поклониме, зашто дрвото во рајот смрт произведе; ова, пак, живот ни процвета, имајќи Го безгрешниот Господ прикован на себе, од Кого земајќи нераспадливост, сите ние извикуваме: Тебе Кој со Крстот смртта ја уништи, и нас нѐ ослободи, слава Ти. (Стихира од чинот на поклонувањето на Чесниот Крст) Денес ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Пописот во Србија и шансата на македонскиот народ
За само неколку дена во Република Србија ќе започне новиот попис, после десет години, што е веќе неколку децении вообичаен стандард во секоја европска држава. Малцинствата веќе се организираат и водат разноразни кампањи со цел да ги активираат своите сонародници и на тој начин да ја зацврстат својата позиција како малцинство, но од друга страна, политичките представници на малцинствата да ...
Read More »Православните верници го празнуваат Крстовден – Воздвижение на Чесниот Крст
Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на Чесниот Господов крст. Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Христина, Кристијан. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен ...
Read More »Во Охрид се сретнаа над 100 експерти од ИТ индустријата од Македонија, Албанија и Косово
Во Охрид се сретнаа над 100 експерти од ИТ индустријата од Македонија, Албанија и Косово на конференцијата „Ingram & Vendors networking #1“ во организација на компанија Ingram Micro Macedonia. Тие на настанот говореа на теми како безбедносни онлјан аспекти, DDoS заштита, решенија за складирање од светска класа, како и за ерата на multi-cloud. -Како компанија која активно работи на македонскиот, ...
Read More »Колумна од Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права: Соединетите држави – Светилник на дволичноста
Ми стана навика да го прозивам Џо Бајден за бесрамните лаги што ги кажува пред Генералното Собрание на Обединетите Нации – како моја верзија на годишниот извештај на Стејт Департментот за човекови права. Минатата година Бајден ги осуди нападите врз мирните демонстранти, одржувањето избори кои не се слободни или фер, државните напади, апсењата и заканите врз граѓаните кои живеат во ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици
Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 септември, Ден на европските јазици, упати честитка до сите Македонци со порака да го зачуваат мајчиниот јазик, бидејќи, како што посочува, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, зашто тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање. -Сакаме да го истакнеме значењето на образованието на ...
Read More »Епископ г. Партениј сослужуваше Литургија на Светиот Гроб Господов (ВИДЕО)
Како живоносец, како од Рајот навистина покрасен и од секоја царска палата посветол, се покажа, Христе, Гробот Твој – изворот на нашето спасение. Да се стои во местото каде што лежело пречистото Тело на Несместливиот, во теснината што Го собрала Оној Кој вселената ја распростел, е дело единствено на Божјата безгранична милост. Сесветиот и Живоприемен Гроб Господов. Тој тесен простор, ...
Read More »Струјата за оние кои трошат повеќе во Албанија поскапува за четири пати
Регулаторниот завод за енергетика одобри зголемување на цената на енергијата за 4,4 пати за потрошувачите од домаќинствата кои месечно трошат повеќе од 800 киловати електрична енергија. Така, домаќинствата кои ќе ја надминат оваа вредност повеќе нема да плаќаат енергија по 9,5 лека (5 денари), туку по 42 лека (22 денари) за киловатчас. По предлогот на владата оваа цена најпрво ја ...
Read More »Се одржа летна школа за еколошка едукација во Преспа со учесници од Албанија, Македонија и Грција
Во Мала Преспа, студенти од Албанија, Македонија и Грција кои го делат преспанскиот регион учествуваа на летната школа за еколошка едукација и толкување на природното наследство, 15 млади луѓе, студенти и штотуку дипломирани студенти од 3 земји, имаа можност да истражуваат и учат, на тема „Зачувување и заштита на природата преку мониторинг и управување“ од 19 предавачи помеѓу теоретски сесии и теренски ...
Read More »Германските безбедносни органи очекуваат немири поради инфлацијата
Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) предвидува дека инфлацијата и порастот на цените на енергијата може да имаат негативно влијание врз внатрешната безбедност во земјата и да предизвикаат слични протести како за време на пандемијата на коронавирус, јавија денеска германските медиуми. Можеме да очекуваме слична ситуација како за време на протестите против мерките за сузбивање на пандемијата, кога значителен дел ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden