Author Archives: Весник Илинден

Македонија и Албанија одржаа скрининг состанок со Евростат за поглавјето Статистика

Делегации од Македонија и Албанија во петокот, на 16 септември одржаа објаснувачки скрининг состанок заедно со повеќе од 30 претставници од Евростат како дел од процесот на преговори за пристапување кон Европската Унија (ЕУ). Процесот на преговори за влез во ЕУ на двете земји беше започнат на 19 јули годинава преку првите меѓувладини конференции со секоја од земјите. Следната фаза за двете ...

Read More »

Хакерите од група „Татковинска правда“ објавија тајни податоци од системот на албанската полиција

Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ денеска објавија тајни податоци од системот на албанската полиција. По објавените досиеа од ТИМС системот и денешните од електронската пошта на доскорешниот генерален директор на полицијата, Гледис Нано веќе нема никаков сомнеж дека по кибернападите хакерите дошле до најголемите тајни податоци на полицијатa – констатира Топ чанел. Телевизијата додава дека она што е повеќе ...

Read More »

Патот по кој неуморно се чекори за остварување на малцинските права во соседството

Фото: Игор Бансколиев За жал, можам да ви кажам од искуството што го имам, во работењето и дружењето со македонска малцинска заедница во Србија, Бугарите ќе имаат големи резултати. Ние од Србија чувствуваме што се случува и баравме помош, а помош нема од никаде. Во шах-мат позиција сме, вели Душан Јаневски Неопходност од проактивна државна политика за унапредување на малцинските ...

Read More »

Интервју со г-дин Јорго Огненовски, претседател на политичката партија Демократи

Македонски весник “Илинден“: Г-дине Огненовски, пред сѐ, ви честитам на успешно завршениот процес на пререгистрација на партијата ДЕМОКРАТИ. Сега, кога и официјално имате уште четири години пред вас, ќе нѝ откриете ли што се плановите за следниот период на партијата ДЕМОКРАТИ? Г-дин Јорго Огненовски: Ви благодарам. Да, точно така. Имавме законска обврска да го продолжиме работењето на политичката партија ДЕМОКРАТИ, кое успешно ...

Read More »

Митрополитот на Аполонија и Фиер г, Николај од Православната Црква на Албанија во посета на Свештената Бигорска Обител

Во посета на Свештената Бигорска Обител денеска дојде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Аполонија и Фиер г, Николај, од Православната Црква на Албанија. Во неговата чесна придружба беа: нашиот сакан презвитер отец Николај од Тирана, ѓаконот Николај и десетина православни верници од Фиер. Ценетиот Владика и неговите сопатници беа пречекани достоинствено од нашиот Старец и Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј и ...

Read More »

Државен погреб на кралицата Елизабета Втора (ВИДЕО)

На последното збогување со кралицата Елизабета Втора се очекуваат толку многу луѓе, како никогаш претходно – гости од цел свет и милијарди луѓе пред телевизорите ширум светот. Каков е распоредот за денот на погребот? Луѓето можеа да се збогуваат со кралицата Елизабета Втора до изутринава, во 6:30 часот. Нешто пред 11 часот, ковчегот од Вестминстерската палата ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија, ...

Read More »

Евакуација на девет милиони луѓе во Јапонија поради тајфун

Девет милиони луѓе треба да бидат евакуирани од своите домови, бидејќи Јапонија беше погодена од еден од најсилните тајфуни Нанмадол, во кој едно лице загина, а речиси 70 беа повредени, јавува Би-Би-Си. Тајфунот го погоди најјужниот јапонски остров Кјушу во неделата наутро, а се предвидува дека во следните неколку дена ќе го помине главниот остров Хоншу. Десетици илјади луѓе ја ...

Read More »

Кибер-нападот и натаму го измачува системот ТИМС на граничните премини Горица и Ќафасан

Поради кибер-нападот повторно се појавија проблеми со ТИМС системот во Албанија, овој пат главно на граничните премини во југоисточниот дел на земјата, на албанско – македонската граница. На граничните премини Горица-Стење, кај Ресен и Ќафасан кај Струга, се работи со рачни регистри, а не со технолошки систем. Според албанските медиуми на Ќафасан, кој е најфреквентен на границата со Македонија, поради проблемите вработените се принудени да работат ...

Read More »

НАСА објави исклучителна фотографија од Охридското и Преспанското Езеро во нивната природна боја (ФОТО)

Геолозите класифицираат само 30 од милиони езера во светот, вклучувајќи ги Охридското и Преспанското, како „антички“ – дефинирани од некои истражувачи како опстојување на повеќе од еден циклус на ледено доба (најмалку 130 000 години). Инструментот на НАСА Imager-2 (OLI-2) на Landsat 9 направи снимка на двете наши најголеми езера – Охридското и Преспанското, на кои доминира природната боја. Во текстот ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент за формирање две македонски општини, Голо Брдо и Гора (ФОТО)

Македонското друштво “Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола, и до комисија „За административно-територијална реформа во Република Албанија“ со кое од име на Македонците се бара формирање две општини Голо Брдо и Гора. Ова поради фактот што во тек е расправа на специјалната комисија за територијална поделба а барањето е врз основа на “Законот за заштита на ...

Read More »